Диета за крвна група Б

0

Според диетата создадена од Питер Д’Адамо, луѓето со крвна група Б можат да јадат многу различни типови храна без никакви проблеми.

Тие имаат добар дигестивен систем, но треба да избегнуваат пченица, пченка, елда, леќа, домати, кикирики и семе од сусам ако сакаат да го избегнат трупањето на килограми. Овие продукти влијаат негативно врз ефективноста на метаболизмот и придонесуваат за појавата на замор, задржување на течности во телото и опаѓање на нивото на шеќер во крвта по оброците. Исто така, за оваа крвна група пилешкото месо треба да биде на листата на забранета храна. На листата на храна која го поттикнува слабеењето се наоѓаат зелените зеленчуци, јајцата, „добрите“ меса (јагнешко, зајачко, еленско, овчо) и млеката и млечните производи со мал процент на масти.

Луѓето со крвна група Б се подложни на одредени болести како автоимуни заболувања, лупус, мултиплекс склероза, синдром на хроничен замор. Д’Адамо смета дека претставниците на оваа крвна група многу повеќе од останатите можат да го намалат ризикот од болести и да бидат во топ форма ако се придржуваат кон соодветна диета.

Се смета дека луѓето со крвна група Б се креативни, оригинални, флексибилни, субјективни и комуникативни. Тие имаат и многу силна интуиција.

Диета

ПРЕПОРАЧАНИ

НЕУТРАЛНИ

ДА СЕ ИЗБЕГНУВА

Месо

козјо
јагнешко
овчо
зајачко
еленско

биволско
говедско
мисиркино
телешко

пилешко
месо од потполошка
свинско
чадено месо

Риба

кавијар
сардина
скуша
штука
бакалар
морска пастрмка

туна
харинга
ајкула
шаран
лигњи

октопод
чаден лосос
ракчиња
остриги
сите видови на школки
жабји копани

Млеко и млечни производи

козјо и кравјо млеко
моцарела
козјо сирење
фета
урда
рикота сирење
јогурт

гауда сирење
ементалер
павлака
пармезан
крем сирење

сино сирење
сладолед

Јајца

/

кокошка

патка
гуска
потполошка

Зеленчук

црвени и зелени пиперки
печурки шитаки
ѓумбир
црн патлиџан
карфиол
морков
зелка
брокули

спанаќ
компири
кромид
марула
лук
краставица
целер

домати
тиква
зелени и црни маслинки
алое

Овошје и овошни сокови

лубеница
сливи
ананас и сок од ананас
папаја
банана

јаболка
јагоди
праски
круши
нектарини
манго
лимон
зелен лимон
киви
грејпфрут и сок од грејпфрут
смокви сушени
цреши
кајсии

кокос
кокосово млеко
авокадо

Зрнеста храна

овес и овесно брашно

пченично брашно
брашно од соја
бел ориз
јачмен

рж
брашно од рж
пуканки
пченка
елда

Јаткасти плодови и семки

ореви

бадеми
лен
костен

ф’стаци
семки од тиква
сусам
сончоглед
кикирики

Мешунки

црвен грав
бел грав

боранија

леќа
тофу
леблебија
соеви гранули

Масла

маслиново

ореово
бадемово
ленено

сусамово
масло од соја
сончогледово
масло од кикирики
кокосово

Пијалоци

зелен чај

бело вино
црвено вино
чај
кафе
пиво

газирана вода
жесток алкохол
газирани пијалоци

Билки и зачини

магдонос
кари

ванила
рузмарин
црвена пипер
оригано
каранфил
чоколадо/какао
чили во прав
босилек

црн и бел бибер
црн бибер во зрна
канела

Додатоци за вкус

/

јаболков оцет
вински оцет
морска сол
сенф
мајонез
сода бикарбона
јаболков пектин

соев сос
желатин
кечап

Засладувачи

/

шеќер
мед
фруктоза

инвертен шеќер
декстроза
јачменов слад

Физичка активност

Луѓето со крвна група Б треба да практикуваат физички вежби кои истовремено претставуваат предизвик и за умот и за телото, т.е. треба да најдат рамнотежа помеѓу вежбите за медитација и интензивните физички вежби. Тешко го поднесуваат стресот и потребно им е повеќе време за да се опорават од стресни ситуации. Затоа медитацијата е мошне важна. Исто така, добро е да практикуваат активности во кои се вклучени и други луѓе.

Препорачани активности: тенис, боречки вештини, пешачење, возење велосипед и голф.

Дополнителни совети

Освен диетата и препораките за физичка активност, Д’Адамо дава и дополнителни совети кои според него ќе им го подобрат животот на луѓето со крвна група Б. Еве некои од нив:

  • Направете си план за спиење (во колку ќе си легнувате и кога ќе станувате) и придржувајте се кон него. На пример, легнувајте си секој ден во 23 часот и спијте минимум 7-8 часа.
  • Секој ден издвојувајте барем 20 минути за креативна активност која ќе го зема целото ваше внимание.
  • Најдобар начин да се релаксирате е медитацијата.
  • Бидете спонтани.
  • Секојдневно решавајте крстозбори или судоку и други мали задачи кои бараат концентрација. Така ќе го вежбате мозокот и ќе го намалите ризикот од појава на проблеми со помнењето.
  • Вклучувајте се во хуманитарни акции и здруженија или групи кои ви даваат чувство дека сте корисни за општеството.

-авторски текст, не смее да се користи зa комерцијални цели и/или реемитување-

Д-р Ангела Златковска е родена на 13.03.1986. Високо образование завршува на Медицински универзитет Пловдив, Република Бугарија, со што се здобива со титулата доктор на медицина. Дипломира со висок просек, при што е наградена со златен орден и пофалница за одличен дипломиран доктор. Има учествувано на многу семинари и конгреси. Од посетата на повеќе обуки се има стекнато со пофалници и сертификати. Специјализант е по интерна медицина и асистент во Универзитетската клиника во Баден - Вуртемберг, во рамките на Универзитетот Хајделберг - Германија. За Доктори.мк Живееме во време кога медицината од момент во момент се повеќе се развива, како на полето на дијагностиката, така и на полето на лекувањето. Доктори.мк е идеално место каде што ние докторите од различни области на медицината можеме да споделуваме наши искуства, знаења и новости од областа на медицината и на тој начин да ги едуцираме граѓаните - нашите пациенти. Навистина ми е чест да бидам дел од тимот на Доктори.мк, кој од ден на ден се повеќе се зголемува.