Храна која помага при Астма

Астмата е хронична опструктивна болест на дишните патишта која се карактеризира со нарушен проток на воздух и зголемена реактивност на дишните патишта кон факторите од надворешната средина. Се појавува во секој период од животот и сите возрасни групи. Астмата е една од најчестите болести во детската возраст. Се јавува кашлица, отежнато дишење и свирење во градите.

Дијагнозата и лекувањето бараат упорност, смиреност и соработка меѓу родителите и лекарот. Процесот е долг и треба да се научи да се живее заедно со астмата. Астмата не се излекува, но со правилно лекување доведува до подобрување на квалитетот на животот односно нормален живот без симптоми.

Конторла на болеста е постигната кога пациентот нема симптоми на астма, нема ноќни будења поради астма, ретко или воопшто не употребува лекови за олеснување на тегобите, нема ограничување на секојдневната физичка активност и нема или многу ретко или напади на астма.

Покрај лековите постојат и одредени намирници кои можат да ги олеснат тегобите на заболените, намалувајќи го бројот на нападите. Многубројните истражување насекаде низ светот поткрепени со студии и докази покажуваат дека сокот од јаболка ја намалува зачестеноста на епизодите на свирење во градите дури за 50%.

Храна која помага при астма:

*Овие намирници помагаат при астмата поради високата концентрација на кверцетин кој има антиалергиски својства.

– јаболко
– авокадо
– спанаќ
– банана
– ѓумбир
– бозел
– биокрил – содржи омега три масни киселини во форма на фосфолипиди и астаксантин.

Функцијата на фосфолипидните масни киселини во организмот е многу значајна затоа што тие се есенцијални за формирање на клеточните мембрани. Астаксантинот ги спречува слободните радикали и процесот на оксидација.

Покрај позитивното влијание врз астмата криловото масло помага и при заштита од срцеви заболувања и од атеросклеротични промени.