Исхрана која спречува губење на меморијата

0

Сите ние понекогаш сме заборавни, особено кога сме под стрес или имаме многу проблеми и грижи. Покрај тоа, краткорочното губење на меморијата станува се почесто во средната возраст. Ако често заборавате каде ќе оставите нешто или не ви текнува нечие име, можеби ќе сакате да дознаете како да ја подобрите вашата меморија. И едноставни промени во начинот на живеењето може многу да значат.

Губењето на меморијата кај постарите лица може да биде резултат на лошата циркулација на крв во мозокот и недостиг на ментална стимулација. Но, постојат и други причини за слаба меморија – анемија, ниска тироидна активност, депресија и синдром на хроничен замор, лоша исхрана и прекумерно консумирање алкохол. Кај постарите лица една од можните причини е и Алцхајмеровата болест.

Превенција и исхрана

Намалете го ризикот од губење на меморијата поради лошото снабдување со крв, така што ќе се движите најмалку половина час на ден и секако ќе престанете да пушите. Исхраната влијае на работата на мозокот и затоа обидете се да се храните здраво. Ова ќе Ви биде особено важно на постара возраст, кога ќе Ви требаат помалку калории и кога хранливите материи ќе се апсорбираат помалку.

 

  • Јадете помали оброци, но почесто, за да го одржите нормалното ниво на шеќер во крвта, бидејќи тоа е важно за добра функција на мозокот;
  • Јадете повеќе интегрални житарки, ореви, семки, овошје, зеленчук и мешункасти плодови. Оваа храна содржи многу бета каротен, фолна киселина, калциум, бакар, железо, јод, магнезиум, манган, селен, цинк, есенцијални масни киселини, растителни пигменти и витамини Б, Ц и Д. Овие материи се многу важни за одржување на мозочното здравје и неговото добро снабдување со крв;

  • Јадете три порции риба неделно. Таа е богата со омега-3 масни киселини есенцијални, вклучувајќи ги и DNA и фосфолипидите (важни компоненти на сите мембрани) кои се важни за мозокот;
  • Немојте да пиете премногу алкохол;
  • Половина час брзи движења на ден ќе го одржат нивото на крв во мозокот за следните 24 часа, а и ќе Ви помогнат да спиете подобро. Наизменичното или недоволно спиење придонесува кон заборав.

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

Билјана Ристеска
Дипломиран Нутриционист Родена на 12 јуни 1981 година во Скопје. Спортист во душа, нутриционист на лист хартија и секогаш подготвена за нови предизвици. Искусен поборник за здравиот начин на живот и здравата исхрана како дел од него. Еден од советниците во Клубот за здрав начин на исхрана "New Nutritionism". Препознатлива по насмевката, упорноста и желбата за успех. -Доктори.мк мислам е портал кој ги задоволува повеќето потреби од областа на здравјето, медицината, исхраната... Секоја дилема има одговор токму на Доктори Мк. Темите се во тек со модерните трендови и токму тоа ги тера посетителите да се враќаат на овој портал и неколку пати во денот. Со еден збор Доктори.мк е модерен, забавен и пред се корисен портал достапен за сите.