Тело и дух

Во последно време, постојано сте напнати и фрустрирани поради прекубројните обврски. Тоа значи дека Вашето тело е преплавено со хормонот на стресот – адреналин, кој го забрзува стареењето на организмот и ја зголемува концентрацијата на шеќер во крвта. Наместо да започнете со екстремните спортови за да ја потрошите “негативната”енергија, доволно е само  да го завртите Вашиот објектив и да започнете да ги гледате нештата од позитивниот агол.

Оптимистичкиот став према животот му помага на нашиот имунитет полесно да се бори против болестите кои не напаѓаат. Оптимистите повеќе се грижат за своите потреби, па со тоа се почесто среќни од остатанатиот песимистички настроен свет.

Позитивниот став према  животот во светот подразбира и многу смеење. Смеењето го намалува стресот. Со смеењето човекот најлесно се бори со болестите и инфекциите во организмот. По секоја цена треба да се трудите нештата да ги согледувате од вредната страна. Дури и тогаш кога сите ви тврдат дека нештото не треба да биде така, Вие смејте се!

Меѓу другото, важно е што повеќе да комуницирате со другите луѓе. Поставете си цел дека секој ден ќе се сретнете барем со еден пријател. Оние луѓе кои имаат разгранета мрежа од пријатели и кои контактираат со  роднините подолго и поздраво живеат од оние кои се декларираат како самци. Проучувањето на луѓето кои живеат сами  покажало дека изолацијата е исто толку опасна како што се хипертензијата, гојазноста, па можеби и пушењето. Со сето ова се губи и виталноста на организмот.

Секој ден, покрај насмевката, започнете го со појадок. Оние кои редовно доручкуваат многу подобро ги поднесуваат годините кои им доаѓаат во пресрет за разлика од оние кои  го прескокнуваат појадокот. Пожелно е вашиот оброк да се состои од интегрални житарици, овошје, чај… На овој начин, вашиот организам  во самиот старт на денот е спремен да се соочи со сите проблеми кои ве очекуваат во текот на еден напорен работен ден.

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

Д-р Кристина И. Стојаноска - Алоска
Др. Кристина И. Стојаноска Алоска е родена во Охрид, 1984 година. Средно образование завршува во родниот крај, во гимназијата „Св. Климент Охридски“, природно- математичка насока, во 2003година. Дипломира на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во 2008 година. Со работна лиценца за доктор по стоматологија се стекнува по положување на државниот испит во 2009 година. Во соработка со ОО Црвен крст - Охрид издава две брошури поврзани со оралното здравје. По повод Неделата на забоздравствена заштита, во 2014 ја издава Брошурата „ГРИЖА ЗА ЗАБИТЕ“ наменета за најмладите во која се опишани правилата за здрави заби што треба секое дете да ги знае. Следната, 2015 година, за истата цел ја издава брошурата „НАСМЕВКА БЕЗ КАРИЕС“, на малку повисоко ниво, наменета за сите родители и деца, во која се опишани сите нешта поврзани со кариесот и тоа како да се спречи. Во 2017 година издавачката куќа ЕДУКА МАК ја издава нејзината книга со 10 раскази на тема орално здравје, напишани како поезија во проза, со наслов „НАСМЕВКА ЗА ПЕТКА“. Работна пракса како доктор на стоматологија извршува во Стоматолошката ординација "ЕТАДЕНТ" во Охрид, чиј сопственик е од 2019 година. Доктори.мк е портал кој на популацијата и овозможува да согледа многу проблематики од областа на здравството и да научи многу совети и факти за животот , исхраната и здравјето. Мапата претставува одличен и најбрз начин преку кој може да се лоцира доктор или некоја медицинска установа. Особена чест и огромно задоволство ми претставува што сум дел од тимот на Доктори.мк и искрено се надевам дека преку моите статии читателите на Доктори.мк ќе научат многу проблеми од областа на стоматологијата. Доктори.мк според мене е par excellence портал од областа на здравството во Македонија. Големо БРАВО за основачите!!!