Астмата претставува хронично воспаление на дишните патишта кое што се карактеризира со појава на реверзибилен бронхоспазам. Три причини доведуваат до стеснување на луменот на дишните патишта: контракција на бронхијалната мускулатура, инфламација и едем на слузницата на бронхиите и бронхиолите и зголемена секреција на мукозен секрет.
Етиологија
1. Генетска предиспозиција
2. Надворешни фактори:
- Пушење – пасивно и активно, алергени – домашна прашина, полен, крзно и др.;
- Респираторни инфекции;
- Стрес;
- Ладен воздух;
- НСАИЛ, бета блокатори.
Симптоми
- Wheezing – свирење во градите, гушење, недостиг на воздух, кашлица, граден дискомфорт.
Пациентот кој има астматичен напад е вознемирен, уплашен, чувството на глад за воздух го тера да отвара прозорец, седи во постела, забрзано и отежнато е дишењето, а кај потешките астматични епизоди се слуша и свирење во градите и без да се аускултира со стетоскоп.
Дијагноза
- Клиничка слика, позитивна фамилијарна анамнеза;
- Лабораториски анализи;
- Алергиски тестови;
- Спирометрија;
- Микробиолошки испитувања на спутум.
Терапија
- Избегнување на тригер факторите (ако е алергиска природа да се избегне алергенот полен на пр.);
- Забрана за пушење;
- Избегнување на ладно;
- Умерена физичка активност (во консултација со вашиот лекар);
- Правилна употреба на инхалаторите (многу голем број од пациентите неправилно ги користат спрејовите кои многу им помагаат во олеснување на тегобите);
- Избегнување на стресот (со помош на активности кои ви прават задоволство -медитација, јога, прошетки во природа и сл.).
-авторски текст, не смее да се користи зa комерцијални цели и/или реемитување-