Книгата во раце – читањето е здраво

0

Живееме во ера на модерна технологија и комуникации, во која човекот со задоволство ги извршува активностите без напор и веднаш се чувствува пријатно. Читањето книги ја губи битката во пократки и побрзи форми. Сепак, ваквите форми не ја зајакнуваат нашата способност која не бара никакви инвестиции. Со одрекувањето на читање губиме многу, бидејќи процесот на читање го регулира расположението и нивото на стрес, како и подобрувањето на психолошката моќ.

 

Опушта

Читање е поефикасно од било кој метод на релаксација, според истражувањето на научници од “Mindlab internešenal универзитетот.” Да се забави работата на срцето и релаксираат вашите мускули, треба да прочитате барем шест минути во тишина.

Обезбедува удобност

Ефектот на бегање од реалноста што ја имаме кога читаме е особено важно во време на криза, како што е оваа во која живееме. За разлика од дроги и опијати во кои многумина се впуштат со цел да се отцепат од грижи и проблеми, а да се прочитаат неколку страници нема негативни ефекти, туку напротив. Тоа е најсофистициран метод да се опуштите од дневната рутина, а во исто време да ја активирате имагинацијата.

Спречува деменција

Читањето обезбедува спречување на Алцхајмерова болест. Се држи на интелигенција и меморија. За време на читањето, мозокот се активира, сличено како што се активираат мускулите за време на движење.

Ја изошструва перцепцијата

Читањето го збогатува речникот, индиректно ја учите граматиката и правописните правила, и ја изошструва нашата перцепција. Читањето книги од различни жанрови нè носи во контакт со многу поголем број на зборови отколку што се користи во секојдневниот говор.

Ја зајакнува довербата

Што сме се повеќе информирани и едуцирани, ќе имаме повеќе самодоверба, а знаењето и сигурноста се најмоќните средства за стекнување на симпатии. И да признаеме, не постои човек кој не сака да биде прифатен како образован и културен во денешниот брз ритам на селективни избори во секоја сфера на живеење.

Повеќе за д-р Елена Мојсовска >>>

-авторски текст, не смее да се користи зa комерцијални цели и/или реемитување-

Д-р Елена Јевтиќ е родена во 1988г во Битола. Средното образование го завршува во гимназијата „Јосип Броз - Тито" - Битола, природно-математичка насока во 2007г. Дипломира на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот Нови Сад, Панчево во Јули 2013г. -Доктори.мк претставува место каде што можете да дознаете многу повеќе за Вашето здравје, неговата првенцијата и тераписките модалитети од стручен тим на соработници. Особено задоволство е да бидете дел од еден таков тим на успешни и докажани здравствени лица.