Загубата на забите негативно влијае не само на функционалноста на усната празнина, туку и на естетскиот изглед на лицето. Денес за реконструкција на ваков дефект се користат небиолошки материјали и вештачки импланти со релативно ограничена физиолошка функција. Теоретски, најдобар начин за надокнада на изгубениот заб е добивање биолошки заб „биозаб“ изграден од сопствените клетки на пациентот и израснат на точно одредената, сакана локација.
Генерално, денес постојат шест основни можности за добивање биолошки заб:
- Постапка на рекомбинација
- Регенерација на забот врз основа на матрица со засеани матични клетки и додаден фактор на раст
- Инжињерски клеточен сплет
- Инжињеринг хумер на забот
- Генетски инжињеринг
- Конструкција на специјалните анатомски матрици кои индуцираат населување во нивните ендогени клетки и ангеогенеза
За сите постапки освен последната потребно е издвојување на матичните клетки и нивни раст во услови ex vivo, додека за последната постапка потребно е индуцирано населување на матрици на ендогени клетки.
Најголеми проблеми кои не се до крај решени, а со кои научниците се соочуваат во реконструкцијата на биолошкиот заб се:
- Како да се контролира големината и обликот на биолошкиот заб
- Како да се дојде до неопходниот извор на постнатални епителни клетки
- Како да се примени молекуларна одонтогена каскада
- Како да се избегне реакцијата одбивање на калемот при трансплантацијата на биолошкиот заб
- Како да се постигни раст на биолошкиот заб имплантиран во вилицата
- Како да се постигне изникнување на биолошкиот заб од вилицата
Сепак, потребно е да се истекне дека се уште се работи на решавање на секој од овие проблеми. Првиот биолошки заб, кој се покажал во потполност како функционален орган, конструиран е во 2009 год. од страна на јапонски научници. Тие со постапката за рекомбинација на ембрионалните епителни клетки, реконструкција на забниот зигот во колагениот гел и орган културата, имплантирале таков забен зигот, добиен со биоинжињеринг во алвеоларната коска на глушец, на местото на извадениот заб. Постигнати се: изникнување на забот и оклузија, забот бил способен за мастикација, отпорен на механички стрес, болка, кооперативен со другите ткива во усната празнина и максилофацијалната регија. Ова претставува значаен напредок на патот кон терапевтската примена на биолошки заб.
Повеќе за д-р Елена Мојсовска >>>
-авторски текст, не смее да се користи зa комерцијални цели и/или реемитување-