Насмевката е најмалото и најзабележително движење на усните, каде се вклучени сите наши емоции. Златниот ѓердан можеби ќе го надополни совршено вашиот изглед, но само вашата насмевка може да го исполни вашиот живот.
Насмевката е вашиот прв израз на лицето …
Насмевката не чини ништо, но создава многу …
Ги збогатува оние кои ја примаат, без да ги осиромаши оние кои ја даваат …
Насмевката се случува во еден миг, а понекогаш во нечија меморија може да трае вечно …
Создава среќа во домот …
Таа е најдобриот природен противотров за невољи …
Насмевката не може да се купи или позајми, но може да се укради …
Вистинската насмевка може да го зголеми вашето расположение …
Вашето тело е порелаксирано додека се смеете …
Насмевката е заразна …
Додека се смеете на вашето лице може да се активираат од 5 до 53 мускули …
Бебињата по самото рагање веднаш имаат способност да се насмевнат …
Насмевката е препознатлив израз на лицето …
Жените се насмевнуваат дневно повеќе од мажите …
Насмевката е попривлечна од шминката …
Постојат 19 различни видови на насмевка …
Насмевката не создава брчки, виновникот за тоа е еластичното намалување на кожата …
Дури и ако ставите лажна насмевка на лицето, таа ќе ве расположи …
Полесно е да се насмевнеш отколку да објаснуваш зошто си тажен …
Насмевката ослободува ендорфин …
Насмевката може да се слушне …
Луѓето кои често се смеат живеат во просек седум до дваесет години подолго отколку оние кои се тажни …
Насмевката може да ве заштити од настинка, така што со намалување на стресот се зголемува имунолошкиот систем и бројот на белите крвни клетки, корисни антитела кои помагаат во борбата против инфекции и болести …
Постојат неколку човечки гестови кои излегуваат од јазичните бариери на целиот свет, а насмевката е една од нив …
Насмевката може да ве нап …
Насмевката е еден од најчестите комплименти …
Доколку сте жена ќе изгледате многу попривлечно за машкиот пол ако се насмевнете …
Насмевката е откриена тајна на нашата емоционална состојба …
Оние кои имаат тенденција да се смеат често, имаат поголема самодоверба …
Шансите да се насмеете се многу поголеми кога сте во друштво отколку сами …
Смеењето е универзален знак на среќа …
Не џабе се рекло ,,насмевката е најдобриот лек”.
Насмевката е единствената крива линија која може да исправи многу нешта. Таа е отпечаток на вашите мисли и во себе содржи различни пораки. Евоцирањето на среќата е резултат на ведра насмевка која со гордост се носи.
Повеќе за д-р Елена Мојсовска >>>
-авторски текст, не смее да се користи зa комерцијални цели и/или реемитување