Зачекорете со насмевка од соништата во новата 2014 година

0

Во безграничната трка за убавина, естетската стоматологија е олеснување. Затоа што блескавата насмевка е задолжителен и важен симбол на новата ера. Јануар е празничен месец, а вам ви остануваат само онолку дена колку се потребни за да направите најмногу што можете за својата “насмевка од соништата”, и да заблескате. Она што морате и не смеете никако да заборавите, е тоа дека покрај доброто расположение и надежта за подобро утре во Новата 2014 година не смеете да зачекорите без блистава насмевка и неколку капки парфем, бидејќи првото нешто што се памети при средбата со некого, а што последно исчезнува се насмевката и мирисот. Дури и најскапиот дијамантски ѓердан на вратот нема да може да ги сокрие болните заби и воспалените непца. Не постои парфем кој ќе го неутрализира лошиот здив. Единственото реално решение е посетата на стоматолог.

Живееме во време во кое е непријатно и сосема непристојно да се биде несреден. Уредниот изглед секако подразбира блескава насмевка што е предност во комуникацијата со надворешниот свет. До “убавината во устата” се стигнува чекор по чекор, а секој стоматолог верува во моќта на природата, но и во естетската стоматологија. Соодветна превенција, која значително придонесува кон заштита на здравјето на забите и непцата, се состои од три основни елементи: секојдневна нега на забите, редовни стоматолошки прегледи (на секои шест месеци) и редовно професионално стоматолошко чистење. Кога проблемот ќе се јави секогаш постои решение. Но, треба да знаете дека иако естетската стоматологија чини чуда, може да ги следи само реалните желби на пациентот. Вашиот стоматолог треба да се држи во чекор со светот на иновациите и технологијата и да ви овозможи “насмевка од вашите соништа.”


Најкраткиот пат до остварување на насмевка од соништата со здрави, бели и убави заби е редовно посетување на добар стоматолог. Во време кога приватните стоматолошки ординации никнуваат насекаде околу нас, а на улица се среќаваат луѓе со “хаос во устата” е најтешко да се најде добар стоматолог кој може да ви помогне вашите заби и непца да останат здрави за целиот живот. Затоа се драгоцени овие советите, како ваш најдобар адут да постане блескавата насмевка – убавина која зрачи. Доколку не сте го пронашле “докторот за насмевка од насловните страници” сега е вистинско време за тоа.


Потребата за прекрасен изглед е природна и не треба да се третира како луксуз или хир. Естетската стоматологија дава можност секој да има заносна насмевка, иако природата не ја подарила. Новогодишниот гламур можеби ќе го надополни совршено вашиот изглед, но само вашата насмека може да го исполни вашиот живот. Насмевнете се со гордост во Новата 2014год. Среќно!

Повеќе за д-р Елена Мојсовска >>>

-авторски текст, не смее да се користи зa комерцијални цели и/или реемитување-

Д-р Елена Јевтиќ е родена во 1988г во Битола. Средното образование го завршува во гимназијата „Јосип Броз - Тито" - Битола, природно-математичка насока во 2007г. Дипломира на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот Нови Сад, Панчево во Јули 2013г. -Доктори.мк претставува место каде што можете да дознаете многу повеќе за Вашето здравје, неговата првенцијата и тераписките модалитети од стручен тим на соработници. Особено задоволство е да бидете дел од еден таков тим на успешни и докажани здравствени лица.