Зошто пливањето е најдобра вежба?

0

Редовното пливање ја зголемува издржливоста, ги зајакнува мускулите и кардио-васкуларниот систем. Пливањето може да се комбинира со вашите редовни вежби. Пред вежбање на копно , можете да направите вежби во базенот како загревање. Пливањето со зголемен интензитет, може постепено да го подобри вашето срце и да ги стимулира вашите мускули, што доста е лесно да се изврши сето тоа во вода. Со пливање можете да изгубите 3 калории по километар на телесна тежина.


Со пливањето ќе откриете други психолошки придобивки. Се релаксирате, вашите мисли се опуштени, не размислувајте за ништо друго, бидете максимално перпуштени на ова идеално уживање, што е одлично и за општата кондиција. Оваа форма на медитација ви дава чувство на блаженство, и одличен е почеток за витално да го продолжите својот ден.

 

Други форми на аеробни вежби се и бициклизам, трчање, одење или пешачење. Сите тие имаат одредени здравствени придобивки, а ова се бенефициите кои ќе ви ги донесе пливањето:

  • Подобра контрола на крвниот притисок.
  • Пониско ниво на LDL холестерол.
  • Поголема издржливост.
  • Намалени отчукувања на срцето кога телото се одмора.
  • Зголемена способност на телото да се консумираат масти и при изградбата на мускулите.
  • Подобро управување на стресот.
  • Подобрување на квалитетот на спиењето.
  • Подобрување на флексибилноста.
  • Подобрување на капацитетот на белите дробови.

Зошто пливањето е најдобра вежба? Прво , се активираат сите мускули на телото, и тоа помага да се задржи во подобра форма, да бидете здрави и среќни со вашата тежина.

Повеќе за д-р Елена Мојсовска >>>

-авторски текст, не смее да се користи зa комерцијални цели и/или реемитување-

Д-р Елена Јевтиќ е родена во 1988г во Битола. Средното образование го завршува во гимназијата „Јосип Броз - Тито" - Битола, природно-математичка насока во 2007г. Дипломира на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот Нови Сад, Панчево во Јули 2013г. -Доктори.мк претставува место каде што можете да дознаете многу повеќе за Вашето здравје, неговата првенцијата и тераписките модалитети од стручен тим на соработници. Особено задоволство е да бидете дел од еден таков тим на успешни и докажани здравствени лица.