Мозочен удар – тестови и испитувања

 

 

Кои тестови докторите ќе ги направат при/по мозочен удар или ТИА?

Историја на болест

Прашања за почетокот на болеста, видот на симптомите, ризик фаторите.

Клинички преглед

Тестови со кои докторот ја проценува функцијата на невниот систем но и белите дробови и срцето. Потоа докторот ке спроведе допоителни испитувања со цел утврдување на природата и причината на болеста.

Испитување на крвта

Концентрацијата на црвените крвни клетки, ниво на глукозата (шеќер) во крвта и мастите во крвта. За таа цел крвта се зема од вена.

Електрокардиографија (ЕКГ)

Тоа е испитување со кое се испитува активноста и функцијата на срцето, ритамот на срцето (дали е регуларен или нерегуларен), се бараат докази за предходен срцев удар, или за влијанието на високиот крвен притисок врз срцето. Се изведува така што се поставуваат електроди на кожата на градниот кош кои ја снимаат електричната активност на срцето.

Ехокардиографија

Кога докторот се сомнева дека мозочниот удар настанал како резултат на комлпикација на срцева болест( кога срцето има неправилен ритам, лекарот слуша шум на срцето или пак ЕКГ наодот е абнормален). Тестот се изведува со помош на ултразвук со помош на кој се добиваатслики на структурите на срцето кој докторот ги леда на монитор. Тоа е безбеден, неинвазивен и безболен тест.

Компјутерска томграфија КТ

Вид на снимање на мозокот со помош на Х зраци. Главната цел на ва снимање е да се направи разлика помеѓу исхемичен и хеморагичен мозочен удар и да се исклучат другите причини за симптомите (како на пр. тумор). Снимањето трае 15 мин и во тек на истото пациентот треба мирно да лежи, додека скенерот емитува Х зраци.

Магнетна резонанца (МРИ)

Во одредени случаи е потребна со цел да се добијат подетални слики на моокот, особено од задниот дел на мозокот; или пак слики од крвните садови на мозокот. Снимањето трае 15-30 мин, и пациентот цело време треба мирно да лежи. Апаратот не користи Х зраци.

Каротидна ултрасонографија

Ова испитување се прави кога мозочниот удар е исхемичен или се јавила ТИА, а причината за истата се бара во крвните садови на вратот, кога докторот се сомнева дека артериите на вратот се извор на емболии или пак постои стеснување на луменот на истите.

Ангиографија

Ангиограмот представува приказ на крвните садови во мозокот и може да е неинвазивен кој се изедува со помош на МРИ но резолуцијата при ова испитување не е оптимална. Најдобар приказ на крвните садови на мозокот се добива со помош на катетер ангиографија која се иведува со помош на катетер кој се пласира преку феморалната артерија, па преку аортата се до каротидните артерии и низ кој се инјектира контраст во крвните садови а потоа се врши снимање со Х зраци . Ризикот за оштетување на крвните садови или пак за појава на нескани ефекти од контрастот иако минимален 0.5% сепак постои.