Пилатес

0

Пилатес метода

Пилатесот меѓу спортистите е познат како метод за подобрување на јадрото на мускулите и за зголемување на функционалиот фитнес на телото. Додека за лицата со болки во долниот дел од грбот, лицата со ревматоиден артритис, е познат како метод кој го подобрува држењето на телото, ја зголемува основна сила, ја зголемува мобилноста на телото, спречува настанување на повреда и целосно ја подобрува функционалноста на телото при движење.

 

За изведување на класичните Пилатес вежби не е потребен посебен тип на опрема, вежбите се едноставни, и почетник може да ги совлада во релативно краток период. Пилатес вежби се работат во серии кои содржат од околу 25-50 едноставни вежби. Тие се карактеризираат со повторливост, вежби за издржливост, вежби со акцент на мускулите групи во абдоминалниот дел, долниот дел на грбот, колковите, бутовите и задникот. Пилатес вежбите се познати како стабилизациона програма која ја зголемува мускулната издржливост и флексибилност на абдоменот, мускулите на вратот, нозете и колковите, и има за цел да ја подобри постуралната положба на телото, и да го одржи балансот. Пилатес вежбите со низок интензитет се користат и како вежби кои го подобруваат квалитетот на сонот, расположението и го намалуваат нивото на замор и стрес.

Пилатес програмата има над 80-годишна историја, и многу бројни научни емпириски истражувања ја докажале ефикасност на овој тип метода во подобрување на мускулна сила, мускулна издржливост, одржувањето баланс, флексибилност на телото, итн.

Добрата страна е што овој тип на вежби се доста популарни во Македонија, има многу инструктори кои ја нудат оваа метода, ваше е само да одлучите кое студиото ќе го посетувате. Или доколку сакате потивка средина, вежбите може да ги работите и дома.

предлог статија од авторот: