Децата јадат нездрава храна

0

Децата јадат премногу солена храна

Многу доктори предупредуваат дека седумгодишните деца јадат повеќе сол отколку што е препорачливо дури и за возрасните, што би можело да доведе до проблеми со крвниот притисок. Дозволен дневен внес за возрасни е шест грама, а децата на возраст од седум години внесуваат 6,4 грама. За да се избегнат промените со притисокот внесот би требало да се намали за 42%. Брзата храна, тестенините и житариците се главна причина за прекумерното внесување на сол, заситени масти и шеќери, а токму таквата исхрана може да биде причина за тешки заболувања подоцна во животот. Житариците се богати со витамини и минерали и можат да бидат корисни во ограничени количини, но не би требало да бидат основна храна затоа што содржат висок процент на шеќер, сол и заситени масти. Телото не добива адекватни количини есенцијални витамини, минерали и поради тоа е потребно на време да се сменат прехранбените навики кај децата.

Внесот на железо, калциум, магнезиум и цинк е посебно низок во подоцнежниот живот. Тоа само докажува дека луѓето не јадат храна богата со влакна, омега-3 масни киселини и витамин Д.

Премногу солената храна им штети на крвните садови

Само 30 минути по консумирање на премногу солена храна во артериите можат да се видат јасни промени. Солената храна многу брзо ја неутрализира способноста на крвните садови да се шират, дури и кај луѓето со нормален крвен притисок.

Луѓето кои јадат многу солена храна се повеќе изложени на оштетувања на крвните садови, отколку оние кои јадат помалку сол. Благодарение на ултразвукот, стручњаците можат да ја откријат промената на функциите на крвните садови, кои се едни од првите показатели за атеросклероза, која со време може да доведе до запушување на крвните садови, а со тоа до срцев и мозочен удар. Затоа експертите за храна предлагаат солта да биде што помалку присутна во секојдневната исхрана.

Здрава ужина за деца

Додека растат децата потребно е да им посветите многу внимание и грижа. Разновидноста на хранливите состојки и минералите е многу важна кога се истите во прашање, како и избалансираната исхрана. Пробајте во исхраната да вметнете што повеќе намирници. Во исхраната на детето многу е важно да се внесе доволно калциум (ореви), витамин Ц (јужно овошје), а за внес на витаминот Д најдобро е да се излегува на сонце, но да се избегнува јакото сонце.

Само исхраната не може да направи чуда, потребна е и физичка активност, која е исто важен фактор. Денес повеќето деца сакаат да останат дома прилепени за компјутер или телевизор. Важно е да се излезе надвор и да се игра, тоа ги прави децата здрави.

Децата нека јадат секаде и секогаш во големи количини свежо овошје и зеленчук. Но, како да ја поминеме фазата „не сакам… не можам… бљак…“? И што тогаш да им понудите за ужинка?

Ако секој ден си го поставувате истото прашање, еве неколку совети кои можат да ви помогнат. Многу деца сакаат брзо да завршат со ужинката и затоа јадат нездрави сендвичи кои се со вишок на калории. Овие видови на храна треба да се избегнуваат.

Направете некоја креација од овошје, на пр.бананата исечете ја на кругови и ставете киви на горниот дел, направете ја како палма, а на долниот дел ставете јаболка и мандарини:

Пробајте да им дадете свеж зеленчук, варен компир или пченка наместо крофна, пица или хамбургер. Многу деца сакаат брза храна, но родителите се тие кои треба да им објаснат зошто треба да ја избегнуваат. Од консумирањето на таква храна може да настанат разни заболувања, од кои дебелината е во предност.

За повеќе деца помфритот е единствен зеленчук. Секако се прави од компир, но тоа не значи дека е здрава храна. По најновите испитувања, децата над 15 месеци барем еднаш неделно јадат помфрит. Раснењето на децата е стресно за родителите и многу од нив тежнеат кон пронаоѓање на храна која детето ќе јаде со задоволство, но исто така и по храна која се подготвува брзо со што би си олесниле самите себе си. Проблемот е во тоа што константното давање на нездрава храна ќе направи детето да продолжи така да се храни и кога ќе порасне, за разлика од децата кои се хранат здраво уште од мали.

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

Дипломиран Нутриционист Родена на 12 јуни 1981 година во Скопје. Спортист во душа, нутриционист на лист хартија и секогаш подготвена за нови предизвици. Искусен поборник за здравиот начин на живот и здравата исхрана како дел од него. Еден од советниците во Клубот за здрав начин на исхрана "New Nutritionism". Препознатлива по насмевката, упорноста и желбата за успех. -Доктори.мк мислам е портал кој ги задоволува повеќето потреби од областа на здравјето, медицината, исхраната... Секоја дилема има одговор токму на Доктори Мк. Темите се во тек со модерните трендови и токму тоа ги тера посетителите да се враќаат на овој портал и неколку пати во денот. Со еден збор Доктори.мк е модерен, забавен и пред се корисен портал достапен за сите.