Прирачник за женско здравје – Самопрегледајте се од глава до пети и препознајте ги промените

0

Во претходната статија која беше, прирачник за машко здравје, опишав како да се смопрегледуваат мажите и како да ги препознаат промените. Денеска ќе се посветиме на жените и самопрегледот кој тие треба да го прават. Некои делови ќе бидат потполно исти како кај мажите затоа што се заеднички, додека некои се карактерисични и за нив ќе биде подетално опишано ….

 

Да започнеме со здравјето на женските деца …

Исто како и здравјето кај машките деца, потребно е да се внимава повеќе на исхраната. Како што спомнавме и претходно потребно е да ги исфрлите синтетичките суплементи со витамини и минерали, да набавите соковник и редовно да им подготвувате овошна или зеленчукова салата на вашите деца. Така ќе бидете сигурни дека ништо не им недостасува.

Внимавајте на диетите и однесувањето на девојчињата особено во пубертетот

И кај момчињата го споменавме ова, но кај девојчињата проблемот е многу по сериозен. Според  искуствата на лекарите, девојчињата се многу построги кон себе си за време на пубертетот. Ова се должи на навистина драстичната промена на телото и хормоналниот статус, тие често имаат променливо расположение и разни идеи кои можат да бидат неразумни и штетни, затоа е од особена важност родителите да внимаваат. Девојчињата во периодот на пубертетот бараат идеална тежина, форма и облик, што обично е тешко да се постигне па затоа самите превземаат разни чекори на одбегнување на храна, целосно изгладнување и посегнување по разни таблети за слабеење. Овие навики можат да го загрозат здравјето на тинејџерката бидејќи во овој период телото и онака е под зголемен ризик, па затоа:

  • Објаснете и го периодот
  • Внесете и самодоверба
  • Внимавајте дали и колку јаде
  • Постојано набљудувајте го нејзиното однесување
  • Дали има другарки? Колку често излегува? Каков став има за себе си?

Можеби потточките кои се напишани погоре ќе ви изгледаат претерано, но ако било која од нив не се согласува со она кое е “нормално” во тој период побарајте совет од психолог, бидејќи ако правилно се насочи, таа успешно ќе излезе од кризата и ќе продолжи по вистинскиот пат.

Мајки, сексуалноста не смее да биде табу тема!

Татковците обично не се погодни за разговор на оваа тема и тоа е природно. Но, сепак мајката мора да најде време да пристапи на ќерката соодветно и да и објасни некои основи работи во почетокот. Секако дека мајката е тука за време на првата менструација и и го објаснува новото однесување на телото на нејзината ќерка, но тука не смее да запре. Неморалните однесувања во младите години често потекнуваат од ниска самодоверба или недостаток од поддршка која треба да ја даде семејството. Мајката мора да и објасни на својата ќерка што всушност е сексот. Мора да и се објасни зошто тоа не е игра, како што може да слушне од другите и да чита на интернет. Мора да и се објасни дека сексот е всушност самопочит, и како и во кои ситуации треба да се заштити од евентуална злоупотреба. Мајката е таа која мора да и објасни на ќерката и како да се заштитува за време на сексот, како да користи контрацепција и што е нормално што не. Имајте во предвид дека девојчињата можат да бидат инаетливи, да сметаат дека знаат се, на оваа тема да реагираат со арогантно однесување. Мајката мора да најде начин да пристапи со соодветен психолошки модел, па ако е потребно треба да се советува дури и со психолок или лице кое е обучено за психолошки третман и пристап кон децата.

Контролирајте и следете и ја менструацијата во периодот на тинејџерството

Девојчињата често во главата имаат многу прашања од типот: Колку смее да задоцни? Како треба да изгледа? Колку обилна треба да е? Колку треба да трае? Дали одреден мирис е нормален или не? Затоа мајката мора да биде до неа да објасни дека одредена работа е нормална и да побара лекарски совет ако забележи дека нешто не е нормално. ПМС е состојба oд која девојчињата во почетокот можат сериозно да бидат исплашени, мајката или друг женски член од семејството треба да бидат тука за да ја спуштат топката.

Во врска со самопрегледот на детето ќе важат истите работи што во понатамошниот текст ќе ги опишувам за возрасните, само што наместо самопреглед, децата дома се прегледувани од родителите …

 

Здравјето на возрасните жени …

Ако веднаш го погледнете текстот или го прочитате, можеби одпрвин ќе си помислите дека ова што ви го опишувам едноставно не можете да го контролирате или пак дека е потребно да бидете лекар за да го направите, но верувајте дека не е така, се ова може да се види со само15-минутен преглед, гола, пред големо огледало. И навистина е многу важно, бидејќи за да се јавите кај лекар, прво потребно е сами да го откриете проблемот, тој понекогаш е толку очигледен, а бара само малку време за себе 

Самопреглед по хронолошки ред

Самопреглед на глава

Па да започнеме од почеток. Важно кај жените е косата да биде соберена целосно, за вратот и ушите да бидат целосно видливи. Шминката треба да биде отстранета целосно. Лицето да биде измиено. Односно кратко кажано, најдобро е целиот преглед да го направите половина час после туширање со соберена и сува коса.  Фрлете поглед на зениците, на белките. Дали се чисто бели? Ако забележите жолтило,  пукнат капилар или поголема прокрвавеност, побарајте преглед. Потоа погледнете ги усните и јазикот. Забележете му ја бојата и блажноста. Ако бојата е нетипична јазикот и устата изгледаат суви и испуцани, а тоа се повторува често, побарајте лекарски преглед. Бојата на лицето е важна. Вие најдобро знаете каква боја на лицето имате, и дали во моментот сте повеќе бледи или вцрвени. Ако подолг период забележите промени на бојата, побарајте преглед. Чистењето на ушите е важно, но се препорачува со мека памучна крпа (односно со крајчето), не со ушни стапчиња, уште помалку со предмет. Ако забележите истекување од ушето, крв или други нетипични промени побарајте преглед од лекар.

Самопреглед на вратот

Овде нема потреба од многу пишување. Едно е важно да го опфатите вашиот врат со двете раце нежно, да го допирате и да забележите евентуални промени од типот на мали топчести форми во бочните делови или евентуална несиметричност. Ако од тоа нешто забележите побарајте лекарски совет и преглед. Кај жените чест е проблемот со тироидната жлезда, па затоа и вниманието треба да се обрне кон формата и симетричноста на вратот. Дали е ист како и до сега? За било каква промена побарајте лекарски преглед.

Смопреглед на граден кош

Самопрегледот на градите е најважниот самопреглед кај жената! Карциномот на дојка е една од болестите која носи најмногу женски животи во светот годишно, затоа е многу неопходно редовно да се прави самопреглед на дојките. Вие најдобро ги познавате вашите дојки. Убаво со двете раце правете палпација (допири со притискање). Најдобро е тоа да го правите после бањање кога истите ќе бидат по опуштени за да можете да палпирате добро. Не правете палпација за време на меструалниот циклус тогаш можат да бидат напнати и болни. Правете што по длабока палпација. Ако забележите било каква топчеста промена, дури и најмала, без разлика дали е болна, подвижна или неподвижна, без разлика на тоа што ќе прочитате или слушнете веднаш побарајте лекарска помош. Не мора да значи дека имате рак, може да обична бенигна промена, циста или друг вид на безазлена промена, но вие морате да бидете сигурни за што се работи. Освен градите неопходен е прегледот и на брадавиците. Дали пигментацијата е иста? Дали се необично чувствители и тврди? Дали забележувате некаква промена во формата? Ако одговорот на било кое од овие прашања е да, морате да побарате лекарски преглед. Освен тоа е важно и патолошкото истекување од градата, ако истекува млеко, жолта течност или крв, незабавно мора да се направи преглед.

 

Самопреглед на абдомен (стомак)

Само минута-две фрлете на стомакот. Допирајте го насекаде. Дали некаде чувствувате болка? Дали некаде чувствувате чудна маса која претходно не била таму (без разлика болна или не болна)? Дали има промени во некој дел од стомакот од типот на црвенило, модрило? Дали имате широки или виолетови стрии? Погледнете го и папокот. Не заборавајте ги бемките. Ако нешто од ова го забележите или некаква друга чудна промена. Побарајте што поскоро лекарска помош.

Самопреглед на полови органи

За разлика од мажите кои имаат поголеми манипулации во прегледот на половите органи, жените имаат поголем увид во надворешните полови органи. Важно е жената барем еднаш во месецот да прави темелен преглед на надворешните полови органи, со помош на огледало. Потребно е да се забележи евентуална промена на вулвите (усничките), често се јавува потекување на бартолониевите жлезди, па доколку се напипа мал јазол, потребно е брзо да се интервенира, бидејќи ако навремено се интервенира може да се реши без поголеми компликации. Нетипични црвенила или модрила, како и промени во пределот на препоните потребно е веднаш да се консултира дерамтовенеролог. Потребно е да се внимава и со депилацијата. Бразилската депилација често е причина за инфекции и непријатности, кои ја намалуваат самодовербата на жената и го загрозуваат нејзиното здравје. Особено треба да се внимава и со носењето на танга, јас нема да апелирам против носењето бидејќи животниот стил на секоја жена е различен, сепак ќе апелирам оваа облека да не се носи секојдневно бидејќи докажано е дека може да го загрози нејзиното здравје. Користењето на тампони треба да се избегнува или да се користат со неверојатно голема претпазливост бидејќи компликациите можат да бидат и животно загрозувачки. И на крај секако, мора да се контролираат патолошките истекувања и секрети од вагината. Било каков несекојдневен секрет, мора да биде прегледан од гинеколог. Било каков необичен мирис, обилност или необична болка во вагиналниот канал, мора да биде прегледан од гинеколог.

Самопреглед на екстремитети (раце и нозе)

Добро погледнете ги дали забележувате некоја несиметричност, оток или модрило? Дали има болка на допир? Добро претицнете од врвот па до дното на екстремитетот. Ако забележите некаква промена веднаш побарајте лекарски преглед.

Самопреглед на измет

Можеби ќе ви изгледа глупаво, но ова е можеби еден од најважните симптоми и дијагностички знаци во медицината. После секоја дефекација, погледнете во WC школката. Морате да ја забележите, бојата и мирисот, што е од исклучителна важност. Најважно е пред се да забележите дали изметот плива над водата. Ако плива и уште има бледа, жолта боја (налик на банана) потребна е лекарска контрола, заради можни пореметувања на варењето, апсорпцијата или панкреасот. Примесите од крв се секогаш индикација за преглед, како и темиот измет налик на јаглен. Ако имате било какви чудни промени, дијареа (пролив) или неможност за исфрлање на изметот повеќе од 4-5 дена задолжително барајте преглед од матичен, а подоцна и од специјалист.

Самопреглед на урина

Кај жените е малку потешко да се следи, актот на уринарење, па затоа можете да го правите еднаш месечно, но сепак е важно да не се заборава. Бојата на урината е променлива во зависност од рехидратацијата на телото и варира од светло бела па се до темно жолта. Нормалната би требало да биде светло жолта, но при интензивно внесување на телности (особено вода, пиење на големи количини на пиво) таа ќе биде светло бела и обилна. Морате да забележите промени на боја и мирис. Ако забележие црвена урина пред, завреме на, и по уринирањето треба да побарате лабораториски преглед. Исто така е важно и ако имате често темно жолта боја (боја на чаѓе) или ако многу често имате потреба за обилно уринарење без посериозно внесување на течности. И овие состојби бараат лабораториски преглед.

Важно! Вашиот самопреглед не може да го замени гинеколошкиот. За да се заштитите од сериозни заболувања, морате многу редовно да посетувате гинеколог. Посетата треба да започне по првиот сексуален однос и треба да трае во текот на целиот живот. Потребно е редовно да се зема ПАП тест и останатите рутински гинеколошки испитувања за да се заштитите од се почестите и опасни болести!!!

Важно е да нагласиме дека што и да забележите од ова кое ви го напишав, немојте да паничите веднаш и да си помислувате на многу сериозни заболувања, но и немојте да игнорирате и да одолжувате. Ако само еднаш во неделата одвоите 15-20 минути за да ги забележите овие работи кои ви ги набројав погоре во статијата, ќе можете да забележите почетна појава на било кое заболување и адекватно да го излекувате без посериозни последици.

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

 

E-mail: robima2008@gmail.com Phone: +38978/413-067 Adress: Jane Sansanski 18; K.Palanka Лични информации и образование: Родена: 28.11.1990 година во Крива Палнка Основно образование(1997 -2005), ОУ “Јоаким Крчовски” – Крива Паланка Средно образование-гимназија (2005-2009), СОУ “Ѓорче Петров” – Крива Палнка Високо образовани – Доктор по Општа медицина (2010-2016), Факултет за медицински науки – Универзитет “Гоце Делчев” – Штип Искуства и објавени трудови: Демонстратор на Факултетот за медицински науки - Универзитет “Гоце Делчев” – Штип (2015-2016) Уредник на доктори.мк (од 2013 година) Уредник на проектот zazdravje.com.mk во период од 2010 до 2013 година Автор на повеќе од 1 000 статии и текстови на домашни и меѓународни портали поврзани со одржување на здравјето Добитник на признание за придонес во здравствената едукација во Република Македонија Сертификат од Факултетот за медицински науки како доказ за оджување на вежби по предметот прва медицинска помош на студентите по општа медицина Во текот на средното обрзование добитник на златен медал за најдобар ученик на локален MASSUM огранок како и добитник на прва награда за изработка на web странана и бројни сертификати за најдобро изработена реклама за средното општинско училиште во соработка со USAID невладината организација Активно учество на меѓународен симпозиум – Current achievements and future perspectives in medical and biomedical research (2015) Активно учество на студентски симпозиум - Celebrating achievements in medical sciences, promoting health and sharing knowledge – Shtip (2016) Научни трудови како автор: Analysis of the PAP the PAP test results in the area of Kriva Palanka – Nikolovski, R; Denchovska, K; Mladenovski, G; Markovski, V; (освоено прво место на меѓународен симпозиум) Epidemiologycal characteristics of Influenza Virus in Municipality of Kumanovo – Denchovska, K; Nikolovski, R; Markovska, E; Makovski, V; Научни трудови како ко-автор: Anemia as a reason for hospitalization in the region od Kumanovo – Ilievski, S; Nikolovski, R; Denchovska, K; Anchevski, T; Markovska, Дипломски труд на тема: Epidemiologycal characteristics of influenza virus in Municipality of Kumanovo – Nikolovski, R; Markovski, V; Познавање на јазици и вештини: Одлично познавање на МS OFFICE (exel, word, power point, publisher), windows и linux оперативен систем Основно познавање на програмси јазици: C++, paskal, JAVA Познавање на англиски јазик (напредно ниво) Познавање на германски јазик (основно ниво) Одлично познавање на блканска група јазици (српски, хрватски, бугарски ...) Способност за тимска работа -Во Доктори.мк препознав сајт кој има потенцијал и тим кој во иднина не само што ќе го направи Доктори.мк главен медицински информатор во Македонија, туку и прирачник за сите медицински лица, препознатлив не само во земјава туку и во целиот регион. Горд сум што имам можност да бидам дел од овој тим кој е полн со енергија и спремен да го доближи светот на медицината до секој граѓанин. Му посакувам на порталот како и на целиот негов тим многу успеси и вредна и напорна работа, бидејќи само така може да се дојде до посакуваниот ефект.