Газирани пијалоци – опасност пред која ги затвораме очите

0

Пред да си налеете уште една чаша газиран пијалок или полошо, пред да му налеете на вашето дете, прочитајте и пробајте да сфатите дека вие моментно налевате полна чаша состојки кои несомнено се многу опасни за вашето здравје …

 

Без било какво сомнение, и без било каква друга потреба од дискусии, можеме со сигурност да кажеме, газираните пијалоци се чаша полна со отрови, чаша полна со состојки кои се исклучително штетни за вашето здравје. Вие можеби секојдневно ги користите, можеби и понатаму ќе продолжите со истото темпо да ги користите, но, пред било што да помислите исчитајте ја статијата до крај, и барем поштедете ги вашите деца од чаша полна со отрови …

Пред кокаинот да стане забранет на пазарот тој се додавал во многу газирани сокови, сега знаете зошто некои од нив носат слично име, но и без кокаинот тие носат состојки кои се од невидена штетност за организамот. Само една чаша газиран сок прави огромно пореметување на вашиот метаболизам. Во САД веќе години наназад властите и одредени невладини организации бараат произведувачите на вакви сокови да ги испишат на амбалажата сите штетни и канцерогени состојки кои ги употребуваат за производство на соковите. Сепак, главната причина е што компаниите кои произведуваат вакви сокови се меѓу најмоќните компании кои управуваат со светската економија, ова е и главната причина зошто сеуште некои состојки од брендираните сокови се кријат во тајност. Размислете дали сакате да се напиете чаша брендирани отрови?

 

Да не излезе само обвинување, ќе започнеме со ред. 4-metilimidazol, состојка со исклучително силни канцерогени ефекти, состојка која се додава во сите брендирани газирани сокови кои вие секојдневно ги употребувате. Дали прочитавте некаде дека сокот има природен вкус на карамела? Ова е тотално неточно, токму тој природен вкус на карамела всушност представува 4 metilimidazol.

 

Сеуште не е со сигурност познато зошто Американското здружение за храна и лекови не ги забранува овие состојки, свесна за огромното нивно продавање ширум светот, сепак релативно е јасно, дека овде се работи за силно економско влијание од страна на светски брендираните газирани сокови. Пченичен фруктозен сируп, исто така една од состојките која можете да ја сретнете особено во црните газирани сокови. Можеби ви звучи релативно безопасно? Сепак ова е намирница која исклучително силно влијае врз зголемувањето на телесната тежина, го зголемува апетитот, но и количините на лошиот холестерол во крвта. HFCS е типичен, а можеби и еден од најмоќните создавачи на масти околку стомакот и онаа типична слика на дебелина во тој предел од телото.

Аспаратам,  оваа состојка некогаш се употребувала како воен отров, денес не само што ја има во скоро сите газирани пијалоци туку ја има во уште 6 000 други состојки, како што се бонбони, лижавчиња, па и некои пасти за заби. Оваа хемикалија е особено присутна во лајт верзиите на газираните пијалоци, односно во оние газирани пијалоци кои се наменети за дијабетичари, па тие се уште по опасни од оние другите, нормалните варијанти.

Освен овие, газираните пијалоци содржат уште низа штетни материи како што се, натриум бензонат (присутен конзерванс во сите газирани пијалоци, иницијатор на асма и кожни промени), кофеин(за него нема многу да дискутираме, ве прави зависни и ги уништува надбубрежните жлезди, а исто така и го потикнува  стресот),  лимонска киселина (една од најмоќните причинители на кариес во светот, редовна состојка во сите газирани напитоци),

Од сите газирани сокови најопасни се диеталните!

Диеталните црни сокови, се газирани сокови од најнова генерација кои го завземаат дефинитивното прво место на штетност. Добар дел од состојките во овие сокови прават буквален терет и нагризување на дигестивниот систем, ги оштетуваат бубрезите, а содржат голем број на опасни канцерогени материи, вашата тироидна жлезда е изложена на огромна опасност со редовно користење на овие сокови.

Податок кој морате да го запомните …

Добар дел од газираните брендирани светски познати газирани сокови користат клетки од абортирани фетуси.  Без разлика какво мислење имате за абортусот, ова би требало барем малку да ве загрижи. Можеби ќе кажете не ова не е точно, но точно е. За ова можете многу да прочитате на сите светски здравствени портали, како и одобрениата кои ги добиваат светските брендови за без проблем да ги користат фетусите во нивните рецепти за газирани сокови. Имено тие користат одредени ткива од фетусот на абортирани деца како би го подобриле вкусот на сокот и притоа за тоа коментираат дека е сосема нормално и не гледаат причина за дискусија.

 

Како делуваат кофеинските газирани напитоци на организамот?

Еве само неколку податоци како делуваат кофеинските газирани напитоци врз организамот…

– први 10 минути, висок дотур на шеќер во организамот кој ја поминува и дневно препорачаната доза, некои адитиви ја спречуваат одбрамбената реакција на организамот да го поврати испиеното,

– по 20 минути, шеќерот нагло се впива во крвта, доаѓа до тотална инсулинска бомба, црниот дроб ги завзема сите капацитети за да ги претво шеќерите во масти, кои се знае дека ќе мораат да се складираат

– по 40 минути, настапува делување на кофеинот, зениците се шират, притисокот се покачува,срцето започнува да чука брзо, црниот дроб и понатаму се занимава со вишокот шеќери во крвта, одредени состојки спречуваат појава на вртоглавица, така што делуваат на одредени рецептори на мозокот

– по 45 минути, допаминот започнува да расте, телото се чувствува задоволно, сличен механизам како што делуваат наркотичните дроги, само послаб

– по 1 час, фосфорната киселина се врзува со калциум, магнезиум и цинкот во дебелото црево, правејќи тотална експлозија на пореметувања на метаболизамот.

– повеќе од 1 час, започнува дируретскиот ефект (мораме постојано да мокриме), целиот калциум, магнезиум и цинк кои биле наменети за потребите на нашето тело завршуваат во урината …

 

Изборот е и понатаму ваш, дали ќе ја сфатите пораката на статијата или ќе ја игнорирате. Сепак, запомнете и присетете се на овие факти секогаш кога ќе ја налеете чашата, овие факти се само многу мал дел од хоророт наречен отров во чаша, пред кој замижува светот, а за жал замижуваме и ние  …

E-mail: robima2008@gmail.com Phone: +38978/413-067 Adress: Jane Sansanski 18; K.Palanka Лични информации и образование: Родена: 28.11.1990 година во Крива Палнка Основно образование(1997 -2005), ОУ “Јоаким Крчовски” – Крива Паланка Средно образование-гимназија (2005-2009), СОУ “Ѓорче Петров” – Крива Палнка Високо образовани – Доктор по Општа медицина (2010-2016), Факултет за медицински науки – Универзитет “Гоце Делчев” – Штип Искуства и објавени трудови: Демонстратор на Факултетот за медицински науки - Универзитет “Гоце Делчев” – Штип (2015-2016) Уредник на доктори.мк (од 2013 година) Уредник на проектот zazdravje.com.mk во период од 2010 до 2013 година Автор на повеќе од 1 000 статии и текстови на домашни и меѓународни портали поврзани со одржување на здравјето Добитник на признание за придонес во здравствената едукација во Република Македонија Сертификат од Факултетот за медицински науки како доказ за оджување на вежби по предметот прва медицинска помош на студентите по општа медицина Во текот на средното обрзование добитник на златен медал за најдобар ученик на локален MASSUM огранок како и добитник на прва награда за изработка на web странана и бројни сертификати за најдобро изработена реклама за средното општинско училиште во соработка со USAID невладината организација Активно учество на меѓународен симпозиум – Current achievements and future perspectives in medical and biomedical research (2015) Активно учество на студентски симпозиум - Celebrating achievements in medical sciences, promoting health and sharing knowledge – Shtip (2016) Научни трудови како автор: Analysis of the PAP the PAP test results in the area of Kriva Palanka – Nikolovski, R; Denchovska, K; Mladenovski, G; Markovski, V; (освоено прво место на меѓународен симпозиум) Epidemiologycal characteristics of Influenza Virus in Municipality of Kumanovo – Denchovska, K; Nikolovski, R; Markovska, E; Makovski, V; Научни трудови како ко-автор: Anemia as a reason for hospitalization in the region od Kumanovo – Ilievski, S; Nikolovski, R; Denchovska, K; Anchevski, T; Markovska, Дипломски труд на тема: Epidemiologycal characteristics of influenza virus in Municipality of Kumanovo – Nikolovski, R; Markovski, V; Познавање на јазици и вештини: Одлично познавање на МS OFFICE (exel, word, power point, publisher), windows и linux оперативен систем Основно познавање на програмси јазици: C++, paskal, JAVA Познавање на англиски јазик (напредно ниво) Познавање на германски јазик (основно ниво) Одлично познавање на блканска група јазици (српски, хрватски, бугарски ...) Способност за тимска работа -Во Доктори.мк препознав сајт кој има потенцијал и тим кој во иднина не само што ќе го направи Доктори.мк главен медицински информатор во Македонија, туку и прирачник за сите медицински лица, препознатлив не само во земјава туку и во целиот регион. Горд сум што имам можност да бидам дел од овој тим кој е полн со енергија и спремен да го доближи светот на медицината до секој граѓанин. Му посакувам на порталот како и на целиот негов тим многу успеси и вредна и напорна работа, бидејќи само така може да се дојде до посакуваниот ефект.