Луѓето со крвна група А имаат чувствителен дигестивен систем и тешко можат да ги обработуваат протеините од животинско потекло. Затоа, треба да избегнуваат месо, млеко и млечни производи и да се насочат кон исхрана богата со житарки, мешунки, овошје и зеленчук.
На многу луѓе им е тешко да се откажат од вкусните порции со помфрит и месо и да ги заменат со растителни протеини, но Д’Адамо тврди дека токму тоа ќе им помогне на претставниците на групата А да имаат подобро здравје, подолг живот и повеќе енергија, а и да ја одржат својата линија.
Луѓето со крвна група А се подложни на одредени болести како рак, срцеви заболувања и дијабетес, па затоа за нив е исклучително важно да ја консумираат храната колку што може поприродна, т.е. свежа и непреработена.
Со помош на истражување спроведено во 1999 г. Д’Адамо открил дека постои врска помеѓу крвната група и карактерот. За луѓето со крвна група А се верува дека се аналитични, внимаваат на деталите, добри слушатели, чувствителни кон потребите на другите, инвентивни и креативни.
Диета
ПРЕПОРАЧАНИ |
НЕУТРАЛНИ |
ДА СЕ ИЗБЕГНУВА |
Месо |
||
/ |
мисиркино |
биволско |
Риба |
||
морска пастрмка |
ајкула |
ракчиња |
Млеко и млечни производи |
||
млеко од соја |
кисело млеко |
гауда |
Јајца |
||
/ |
кокошка |
/ |
Зеленчук |
||
алое |
црни маслинки |
печурки шитаки |
Овошје и овошни сокови |
||
ананас |
авокадо |
банана |
Зрнеста храна |
||
овес |
јачмен |
пченични трици |
Јаткасти плодови и семки |
||
кикирики |
сончоглед |
индиски и бразилски оревчиња |
Мешунки |
||
леќа |
/ |
леблебија |
Масла |
||
ленено |
бадемово |
рицинусово |
Пијалоци |
||
црвено вино |
бело вино |
жесток алкохол |
Билки и зачини |
||
сув лук |
босилек |
пипер лута |
Додатоци за вкус |
||
сос од соја |
морска сол |
желатин |
Засладувачи |
||
јачменов слад |
шеќер |
/ |
Физичка активност
Се верува дека луѓето со крвна група А имаат повисоко ниво на кортизол, па затоа им е потешко да се справуваат со стрес. Истражувањата покажале дека нивото на стрес може да се намали преку нежни неагресивни вежби кои смируваат. Се препорачува да практикуваат вакви вежби барем три пати неделно, во времетраење од 30-45 минути. Ако вашата крвна група е А и решите да вежбате аеробик или вежби со тегови, тогаш треба да бидете внимателни да не претерате, затоа што тоа може да го покачи нивото на стрес.
Препорачани активности: јога, Таи Чи, медитација и техники за длабоко дишење.
Дополнителни совети
Освен диетата и препораките за физичка активност, Д’Адамо дава и дополнителни совети кои според него ќе им го подобрат животот на луѓето со крвна група А. Еве некои од нив:
- Не го прескокнувајте појадокот и јадете почесто, но со помали оброци.
- Внесувајте повеќе протеини на почетокот на денот, а многу помалку навечер.
- Не јадете кога сте нервозни и вознемирени.
- Џвакајте ја храната подолго време за да му помогнете на телото побрзо да ја свари.
- Со цел да го избегнете покачувањето на нивото на кортизол и да ја намалите психичката истоштеност, потребно е да го ограничите престојот во големи толпи од луѓе, да избегнувате бучава, да не пушите, да стоите подалеку од силни миризби од парфеми и да не гледате филмови и емисии со насилство.
- Направете си дневен распоред и придржувајте се кон него. Одредете си во колку часот ќе легнувате и секој ден упатувајте се кон спалната во тоа време.
- Правете барем две паузи од по 20 минути додека сте на работа.
-авторски текст, не смее да се користи зa комерцијални цели и/или реемитување-