Според диетата создадена од Питер Д’Адамо, луѓето со крвна група Б можат да јадат многу различни типови храна без никакви проблеми.
Тие имаат добар дигестивен систем, но треба да избегнуваат пченица, пченка, елда, леќа, домати, кикирики и семе од сусам ако сакаат да го избегнат трупањето на килограми. Овие продукти влијаат негативно врз ефективноста на метаболизмот и придонесуваат за појавата на замор, задржување на течности во телото и опаѓање на нивото на шеќер во крвта по оброците. Исто така, за оваа крвна група пилешкото месо треба да биде на листата на забранета храна. На листата на храна која го поттикнува слабеењето се наоѓаат зелените зеленчуци, јајцата, „добрите“ меса (јагнешко, зајачко, еленско, овчо) и млеката и млечните производи со мал процент на масти.
Луѓето со крвна група Б се подложни на одредени болести како автоимуни заболувања, лупус, мултиплекс склероза, синдром на хроничен замор. Д’Адамо смета дека претставниците на оваа крвна група многу повеќе од останатите можат да го намалат ризикот од болести и да бидат во топ форма ако се придржуваат кон соодветна диета.
Се смета дека луѓето со крвна група Б се креативни, оригинални, флексибилни, субјективни и комуникативни. Тие имаат и многу силна интуиција.
Диета
ПРЕПОРАЧАНИ |
НЕУТРАЛНИ |
ДА СЕ ИЗБЕГНУВА |
Месо |
||
козјо |
биволско |
пилешко |
Риба |
||
кавијар |
туна |
октопод |
Млеко и млечни производи |
||
козјо и кравјо млеко |
гауда сирење |
сино сирење |
Јајца |
||
/ |
кокошка |
патка |
Зеленчук |
||
црвени и зелени пиперки |
спанаќ |
домати |
Овошје и овошни сокови |
||
лубеница |
јаболка |
кокос |
Зрнеста храна |
||
овес и овесно брашно |
пченично брашно |
рж |
Јаткасти плодови и семки |
||
ореви |
бадеми |
ф’стаци |
Мешунки |
||
црвен грав |
боранија |
леќа |
Масла |
||
маслиново |
ореово |
сусамово |
Пијалоци |
||
зелен чај |
бело вино |
газирана вода |
Билки и зачини |
||
магдонос |
ванила |
црн и бел бибер |
Додатоци за вкус |
||
/ |
јаболков оцет |
соев сос |
Засладувачи |
||
/ |
шеќер |
инвертен шеќер |
Физичка активност
Луѓето со крвна група Б треба да практикуваат физички вежби кои истовремено претставуваат предизвик и за умот и за телото, т.е. треба да најдат рамнотежа помеѓу вежбите за медитација и интензивните физички вежби. Тешко го поднесуваат стресот и потребно им е повеќе време за да се опорават од стресни ситуации. Затоа медитацијата е мошне важна. Исто така, добро е да практикуваат активности во кои се вклучени и други луѓе.
Препорачани активности: тенис, боречки вештини, пешачење, возење велосипед и голф.
Дополнителни совети
Освен диетата и препораките за физичка активност, Д’Адамо дава и дополнителни совети кои според него ќе им го подобрат животот на луѓето со крвна група Б. Еве некои од нив:
- Направете си план за спиење (во колку ќе си легнувате и кога ќе станувате) и придржувајте се кон него. На пример, легнувајте си секој ден во 23 часот и спијте минимум 7-8 часа.
- Секој ден издвојувајте барем 20 минути за креативна активност која ќе го зема целото ваше внимание.
- Најдобар начин да се релаксирате е медитацијата.
- Бидете спонтани.
- Секојдневно решавајте крстозбори или судоку и други мали задачи кои бараат концентрација. Така ќе го вежбате мозокот и ќе го намалите ризикот од појава на проблеми со помнењето.
- Вклучувајте се во хуманитарни акции и здруженија или групи кои ви даваат чувство дека сте корисни за општеството.
-авторски текст, не смее да се користи зa комерцијални цели и/или реемитување-