Крвната група АБ е исклучително ретка, само 4-5% од луѓето се претставници на оваа група. Во исто време таа е и најновата крвна група. Поголем дел од храната која што е лоша за крвните групи А и Б е лоша и за крвната група АБ, но постојат и исклучоци.
Доматите, кои воопшто не се препорачуваат за крвната група Б, може да се користат во исхраната на групата АБ. Луѓето со крвна група АБ треба да избегнуваат алкохол и кафе, особено во стресни ситуации.
Според Д’Адамо, ако претставниците на оваа група сакаат да слабеат, тогаш треба почесто да консумираат тофу, морска храна, зелени зеленчуци и млечни производи, а да избегнуваат чадени меса.
Луѓето со крвна група АБ се емотивни, пријателски расположени и особено страсни кога станува збор за нивните верувања.
Диета
ПРЕПОРАЧАНИ |
НЕУТРАЛНИ |
ДА СЕ ИЗБЕГНУВА |
Месо |
||
мисиркино |
јагнешко |
пилешко |
Риба |
||
туна |
лигњи |
ракчиња |
Млеко и млечни производи |
||
јогурт |
обезмастено кравјо млеко |
пармезан |
Јајца |
||
кокошка (белка) |
потполошка |
патка |
Зеленчук |
||
лук |
домати |
пиперки |
Овошје и овошни сокови |
||
лубеница |
јаболка |
портокали |
Зрнеста храна |
||
‘рж |
пченица |
пуканки |
Јаткасти плодови и семки |
||
ореви |
сончоглед |
сусам |
Мешунки |
||
зелена леќа |
гранули од соја |
црвен грав |
Масла |
||
ореово |
масло од соја |
сончогледово |
Пијалоци |
||
зелен чај |
бело и црвено вино |
кафе |
Билки и зачини |
||
магдонос |
ванила |
бел и црн бибер |
Додатоци за вкус |
||
/ |
пивски и пекарски квасец |
вински и јаболков оцет |
Засладувачи |
||
/ |
шеќер |
инвертен шеќер |
Физичка активност
Вежбањето има огромно значење за намалување на стресот и за одржување на емотивен баланс кај луѓето со крвна група АБ. За оптимални резултати треба да се комбинираат вежби кои смируваат со поинтензивни вежби. Пример: три дена во седмицата аеробик и два дена јога. Практикувајте 45-60 минути аеробик барем два пати неделно.
Препорачани активности: аеробик вежби, возење велосипед, трчање, јога, Таи Чи.
Дополнителни совети
Освен диетата и препораките за физичка активност, Д’Адамо дава и дополнителни совети кои би можеле да им го подобрат животот на луѓето со крвна група АБ. Еве некои од нив:
- Консумирајте повеќе мали оброци во текот на денот, а не неколку големи.
- Избегнувајте настани и ситуации кои имаат натпреварувачки карактер.
- Сите промени правете ги постепено. Воведувајте ги една по една, а не наеднаш.
- Поминувајте повеќе време сами. Имајте барем едно хоби кое ќе можете да го практикувате независно од другите.
- Прво визуелизирајте го тоа што сакате да го постигнете, а потоа преземете конкретни дејствија.
Кон рубриката – „Диета според крвните групи“
-авторски текст, не смее да се користи зa комерцијални цели и/или реемитување-