Можност за добивање биолошки заб

0

Загубата на забите негативно влијае не само на функционалноста на усната празнина, туку и на естетскиот изглед на лицето. Денес за реконструкција на ваков дефект се користат небиолошки материјали и вештачки импланти со релативно ограничена физиолошка функција. Теоретски, најдобар начин за надокнада на изгубениот заб е добивање биолошки заб „биозаб“ изграден од сопствените клетки на пациентот и израснат на точно одредената, сакана локација.


Генерално, денес постојат шест основни можности за добивање биолошки заб:

  •  Постапка на рекомбинација
  •  Регенерација на забот врз основа на матрица со засеани матични клетки и додаден фактор на раст
  •  Инжињерски клеточен сплет
  •  Инжињеринг хумер на забот
  •  Генетски инжињеринг
  •  Конструкција на специјалните анатомски матрици кои индуцираат населување во нивните ендогени клетки и ангеогенеза

За сите постапки освен последната потребно е издвојување на матичните клетки и нивни раст во услови ex vivo, додека за последната постапка потребно е индуцирано населување на матрици на ендогени клетки.

Најголеми проблеми кои не се до крај решени, а со кои научниците се соочуваат во реконструкцијата на биолошкиот заб се:

  •  Како да се контролира големината и обликот на биолошкиот заб
  •  Како да се дојде до неопходниот извор на постнатални епителни клетки
  •  Како да се примени молекуларна одонтогена каскада
  •  Како да се избегне реакцијата одбивање на калемот при трансплантацијата на биолошкиот заб
  •  Како да се постигни раст на биолошкиот заб имплантиран во вилицата
  •  Како да се постигне изникнување на биолошкиот заб од вилицата

Сепак, потребно е да се истекне дека се уште се работи на решавање на секој од овие проблеми. Првиот биолошки заб, кој се покажал во потполност како функционален орган, конструиран е во 2009 год. од страна на јапонски научници. Тие со постапката за рекомбинација на ембрионалните епителни клетки, реконструкција на забниот зигот во колагениот гел и орган културата, имплантирале таков забен зигот, добиен со биоинжињеринг во алвеоларната коска на глушец, на местото на извадениот заб. Постигнати се: изникнување на забот и оклузија, забот бил способен за мастикација, отпорен на механички стрес, болка, кооперативен со другите ткива во усната празнина и максилофацијалната регија. Ова претставува значаен напредок на патот кон терапевтската примена на биолошки заб.

Повеќе за д-р Елена Мојсовска >>>

-авторски текст, не смее да се користи зa комерцијални цели и/или реемитување-

Д-р Елена Јевтиќ е родена во 1988г во Битола. Средното образование го завршува во гимназијата „Јосип Броз - Тито" - Битола, природно-математичка насока во 2007г. Дипломира на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот Нови Сад, Панчево во Јули 2013г. -Доктори.мк претставува место каде што можете да дознаете многу повеќе за Вашето здравје, неговата првенцијата и тераписките модалитети од стручен тим на соработници. Особено задоволство е да бидете дел од еден таков тим на успешни и докажани здравствени лица.