5 ПОСТОВИ
Спец.Др.Анџела Витанова е дел од тимот на ургентниот центар при ТОАРИЛУЦ од 2017 година. Од 2020 година станува специјалист по хирургија-субспецијалност васкуларна хирургија.
Работното искуство го стекнува како специјализант на клиниката за "Торакална и васкуларна хирургија" во Клинички центар-Мајка Тереза; во ПЗУ Систина Аџибадем ; ПЗУ Неуромедика и УК за хируршки болести ,,Св. Наум Охридски".
Учесник е на многубројни проекти, презентации и други активности поврзани со медицината и васкуларната хирургија, се здобива со бројни сертификати за конгреси и стручни едукации. Продолжува со големи планови за понатамошно надоградување и едукација во рамки на субспецијалноста.