Исхрана кај бебиња – дилеми околу глутен, протеини, сирова храна

0

ГЛУТЕН КАЈ БЕБИЊА

Постојат пропишани правила од страна на Светската Здравствена Организација и Здружението на педијатри, во кој месец од растот и развојот на детето, која намирница треба постепено да се додава во исхраната.

Лебот кај бебињата секако не се дава до 12 месечна возраст, односно, се даваат житарки. Доколку детето нема интолеранција на глутен, тогаш исклучувањето на глутенот од исхраната, односно ставањето на детето на безглутенска исхрана е НЕОПРАВДАНО.

ИНСИСТИРАЊЕ НА ПРОТЕИНСКА ИСХРАНА

За правилно функционирање на еден организам, треба да се задоволат вкупните дневни енергетски потреби. Согласно со нутриционистичките препораки за правилна исхрана, внесот на сите хранливи материи во дневните оброци, треба да биде правилно избалансиран, односно 50-60 % од дневниот внес да се јаглехидрати, 25-30% масти, 15-20% протеини.

Исклучувањето на секоја хранлива материја, во корист на друга, односно пренагласување на една во корист на друга не е во ред, особено при намалување на телесна тежина. Се добиваат краткотрајни резултати со услов за понатамошен т.н. јо-јо ефект.

3. СИРОВА ХРАНА

Генерално сум противник на секој тип на екстремна исхрана (сирова, протеинска, кето….) Внесот, односно застапеноста на сирова храна при изработка на индивидуален режим на исхрана и онака не треба да е помал од 51% од вкупниот дневен внес преку конзумирање на свежи салати, овошје, свежо цедени сокови, смути, јаткасти плодови….

Дали некој ќе биде комплетно на сирова храна е личен избор, но моја препорака е секогаш да се оди во консултација со стручно лице-нутриционист, за да се утврди дали таквата исхрана ќе му одговара.

Постојат здравствени состојби кои не дозволуваат конзумирање исклучиво само сурова храна, односно, таа мора да биде во комбинација со термички обработена храна.