Заморот како дел од секојдневието на човекот

0

Бидејќи заморот е дел од нашето секојдневие, потребно е секој човек на свој начин да изгради механизам тој да биде заменет со одмор од било каков вид, во зависност од состојбата во која се наоѓа секоја индивидуа.

Овој феномен се поистоветува со фактот дека секој човек на планетава, опкружен со изобилие на обврски, свесно или несвесно ја троши својата енергија, а како резултат на тоа се појавува различен степен на замор.

Што претставува заморот?

Тој е субјективно чувство на секој човек, причинето од разни состојби, пратени со зголемена психичка или физичка работа. Се смета дека се должи на краткотрајно намалување на функционалниот капацитет на некои органи или системи, што резултира со привремено намалување на спремноста на организмот за извршување на одредена активност.

Какви видови на замор постојат?

Треба да се нагласи дека самиот вид на замор кај една индивидуа зависи од видот на работата што ја извршува, структурата на личноста на психички план, како и од самата состојба во која се наоѓа истата индивидуа. Според тоа може да има:

  • Позитивен замор – Тоа е вид на замор при кој човекот се чуствува исполнет, мирен и корисен по извршената работа. Како резултат на успехот човекот ја зголемува својата самодоверба, добива елан, добива дополнителна позитивна енергија, која на психички план ја зацврстува личноста, иако таа е заморена! Човекот задоволно го зема својот заслужен одмор.
  • Замор проследен со нервоза – Тоа е вид на замор при кој човекот ја врши својата работа со потполно незадоволство, кое може да биде зачинето со различен тип на агресивно однесување. Агресивноста може да се изрази толку многу, при што човекот во еден момент може да има деструктивно однесување, односно лесно запаѓа во караници, па дури и тепачки. Човекот не може квалитетно да се одмори.
  • Депресивен замор – Тоа е вид на замор при кој личноста има изразено чувство на песимизам, како и изразено чувство реалната ситуација да ја претстави во својата глава, а и на другите луѓе како нешто невозможно и недостижно. Личноста смета дека има толку многу работа при што мисли дека не може никогаш да ја заврши како што треба. Таа практично ги хиперболизира своите активности. Човекот смета дека не може никогаш да се одмори.

Совети за надминување на заморот

Бидејќи заморот е дел од нашето секојдневие, потребно е секој човек на свој начин да изгради механизам тој да биде заменет со одмор од било каков вид, во зависност од состојбата во која се наоѓа секоја индивидуа. Еве неколку совети како тој да биде заменет, а вие да бидете релаксирани и задоволни:

1. Променете ја просторијата во која го поминувате поголемиот дел од денот – заморот сам по себе се јавува дури и со престојување неколку часа на исто место. На него позитивно делува и мирисот во просторијата, која претходно била проветрена.

2. Освежете ја вашата кожа – Тоа не прави позитивни.

3. Одете во кино или пак посетете некоја претстава во театар – Вообичаеното посетувањето на вакви места кое кај нас, за жал, е поретко, може да ве исполни со позитивна енергија, а со тоа заморот да биде запоставен.

4. Посветете време на себе си – И покрај тоа што денешницава е исполнета со бесконечно многу обврски кои човекот мора да ги заврши за кратко време, самата личност малку од малку треба да се избори за „своите 5 минути”. На пример: бидете дел од час по јога или некоја слична активност која докажано позитивно делува психички, а на тој начин таа ќе делува заморот да исчезне и физички.

-авторски текст, не смее да се користи зa комерцијални цели и/или реемитување-

Д-р Александар Милосављевиќ е роден на 09.10.1989 во Скопје. 1996-2004 ОУ “Љубен Лапе” – Скопје. 2004-2008 ДСУ “Марија Кири Склодовска” – Скопје. 2008-2014 Медицински Факултет – Скопје. 2011 Волонтер во Хируршката Клиника “Св.Наум Охридски” во Скопје на одделот за Урологија. 2012 Волонтер на КАРИЛ во клинички центар “Мајка Тереза” – Скопје. 2014 Волонтер на Институтот по Клиничка Фармакологија и Токсикологија во Скопје. 2013-2014 Стажирање во клинички центар “Мајка Тереза” и Хируршката клиника “Св.Наум Охридски” – Скопје. 2009 Учество на симпозиумот “Новости во Педијатрија” во Скопје. 2012 Учество на 36-от Интернационален медицински научен конгрес на студенти по медицина и млади лекари во Охрид. 2011-12 Добива државна стипендија. 2012-14 Добива приватна стипендија од фондацијата “Трајче Мукаетов” – Алкалоид. ЈАЗИЦИ Српско-хрватски, англиски и моментално изучување на германски. СТРУЧНИ ИНТЕРЕСИ Кардиологија, Неврологија, Неврохирургија, Психијатрија и Клиничка Фармакологија. Александар за Доктори: Мило ми е што ја имам честа да бидам дел од Доктори.мк, еден прекрасен портал кој овозможува да се едуцираме, доучуваме и осознаваме различни видови информации од областа на медицината, стоматологијата, фармакологијата и психологијата. Порталот го има тој потенцијал да ја подигне свеста кај народот за осознавање и спречување на разни видови болести, а со тоа да има подобрување на здравјето и унапредување на животот. Се надевам дека и моите статии ќе придонесат во остварувањето на тој потенцијал.