Природна заштита од комарци

0

Етеричните масла и екстрактите од неколку растенија даваат добра природна заштита од комарци. Тука спаѓаат лавандата, ванилата, мајчината душица и други. Еве како се користат.

Лаванда

Со цветот од лаванда истријте ги деловите позади ушите, рачните зглобови и вратот. Не само што ќе ги избркате комарците од вас, туку и убаво ќе мирисате.

Екстракт од ванила

Нанесете екстракт од ванила или есенцијално масло позади ушите, на вратот и рачните зглобови.

Цитронела (Cymbopogon nardus)

Маслото од ова растение се користи во лосиони, спрееви и е дел од миризливите свеќи за растерување на комарци.

Мајчина душица

Едно истражување открило дека карвакролот и алфа-терпининот, двете состојки од есенцијалното масло на мајчината душица, се ефикасни за растерување на комарците.

Внимание: Маслото од мајчина душица може да биде со многу јак и иритирачки мирис и затоа треба да се употребува во препорачани и ефективни концентрации.

Масло од каранфилче

Две истражувања откриле дека концентрираното масло од каранфилче е ефикасно против комарци. Но, исто како и кај маслото од мајчина душица, и маслото од каранфилче не би требало да се нанесува на кожата концентрирано.

Екстракт од целер

Едно тајландско истражување споредувало 15 репеленти на база на екстракт од целер. Научниците откриле дека екстратот од целер не ја иритира кожата и не предизвикува пецкање.

Етерично масло од лимон еукалиптус

Маслото од растението Eucalyptus citidora (лимон еукалиптус) дава најефикасна природна заштита од комарци. Во истражување спроведено во тек на 2002 година, еукалиптусот ги победил неколкуте вештачки и растителни средства за борба против комарците. За жал не знаеме дали ова етерично масло може да се најде во продажба кај нас.

Едноставен рецепт со лимон еукалиптус кој можете сами да го припремите: Помешајте 1 дел од маслото од лимон еукалиптус со 10 делови сончогледово масло. Втријте го ова масло во кожата или испрскајте го по телото.

Состојки на природните репеленти

Ако правите голема количина средство за заштита од комарци, помешајте еден дел од есенцијалното масло со 10-20 делови од основното масло или алкохол. За помала количина, во 2 лажици од основното масло или алкохол ставете 10-25 капки.

Есенцијални масла кои можете да ги користите се: цимет, лимон еукалиптус, цитронела и рицинус.

За основни (базни) масла можете да изберете: маслиново, сончогледово и други масла кој се користат за готвење.

 

Совет

Природниот репелент нанесете го на кожата или облеката, но внимавајте да го избегнете пределот околу очите. Повторно нанесете од репелентот после еден час. Репелентот чувајте го во темно шишенце, далеку од извор на топлина и светлина.

 

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

Билјана Ристеска
Дипломиран Нутриционист Родена на 12 јуни 1981 година во Скопје. Спортист во душа, нутриционист на лист хартија и секогаш подготвена за нови предизвици. Искусен поборник за здравиот начин на живот и здравата исхрана како дел од него. Еден од советниците во Клубот за здрав начин на исхрана "New Nutritionism". Препознатлива по насмевката, упорноста и желбата за успех. -Доктори.мк мислам е портал кој ги задоволува повеќето потреби од областа на здравјето, медицината, исхраната... Секоја дилема има одговор токму на Доктори Мк. Темите се во тек со модерните трендови и токму тоа ги тера посетителите да се враќаат на овој портал и неколку пати во денот. Со еден збор Доктори.мк е модерен, забавен и пред се корисен портал достапен за сите.