Што вашата кожа открива за вашето здравје

0

Кожата е најголем орган во нашето тело. Таа првично има заштитна улога за телото, но учествува и во бројни други регулациски механизми. На кожата можат да се манифестираат разни промени кои ќе укажат на фактот дека во организмот нешто се случува. Еве кои состојби најчесто се манифестираат на кожата.

Анемија

Анемијата многу често се манифестира на вашата кожа. Кожата е бледа, светла, изгледа како низ неа воопшто да не циркулира крв. Ова е јасен сигнал дека имате проблем со хемоглобинот или недостаток на железо. Сепак мораме да напоменеме дека има луѓе кај кои постои исклучок, односно од раѓање имаат бледа кожа која не укажува на анемија.

Проблеми со црниот дроб

Проблемите со црниот дроб јасно се манифестираат на кожата, поради покаченото ниво на билирубин. Доколку имате некоја инфекција или други пореметувања на црниот дроб, кожата ќе има жолтеникава до светло кафеава боја. Ова јасно укажува дека нивото на билирубин е покачено и нешто се случува со вашиот црн дроб.

Алергии

Чешањето, интензивното црвенило и разни иритации се симптоми на алергија. Кожата е орган кој секогаш дава манифестации кога сте алергични, но манифестациите можат да бидат различни во зависност од организмот и алергенот.

HIV

Вирусот на HIV се манифестира на кожата секогаш кога вирусот ќе го помине стадиумот на инкубација. После овој стадиум кожата започнува со интензивно лупење. Сепак до лупење на кожата може да дојде и поради многу други причини.

Инфекции

Интензивно црвенило на некои делови од телото јасно можат да укажат на присуство на инфекции. Кожата може да манифестира и системски инфекции, но и локални. Знак за инфекција кожата манифестира секогаш кога црвенилото се јавува на препоните на половите органи, прстите, стапалата, но и на други места. Освен црвенило, инфекцијата скоро секогаш дава симптоми на печење или лачење на секрети.

Повреди на крвните садови

Повредите на крвните садови, кои не ја оштетиле кожата односно затворените повреди, кожата ќе ги манифестира најчесто со помодрување, доколку се работи за оштетување на поткожни крвни садови, но и со црвенило и промена на температурата доколку се работи за поголеми крвни садови.

Слободно можеме да кажеме дека кожата е огледало на здравјето, затоа никогаш немојте да ги игнорирате знаците кои таа ви ги дава.

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

Avatar
Родена: 02.04.1992 година во Крива Палнка Основно образование(1998 -2006), ОУ “Илинден” – Крива Паланка Средно образование-гимназија (2006-2010), СОУ “Ѓорче Петров” – Крива Палнка Високо образовани – Доктор по Општа медицина (2010-2016), Факултет за медицински науки – Универзитет “Гоце Делчев” – Штип Искуства и објавени трудови: Демонстратор на Факултетот за медицински науки - Универзитет “Гоце Делчев” – Штип (2015-2016) Уредник на доктори.мк (од 2016 година) Сертификат од Факултетот за медицински науки како доказ за оджување на вежби по предметот прва медицинска помош на студентите по општа медицина Признание од доктори.мк за особен придонес во здравствената едукација во Република Македонијс Активно учество на меѓународен симпозиум – Current achievements and future perspectives in medical and biomedical research (2015) Активно учество на студентски симпозиум - Celebrating achievements in medical sciences, promoting health and sharing knowledge – Shtip (2016) Научни трудови како автор: Analysis of the PAP the PAP test results in the area of Kriva Palanka – Nikolovski, R; Denchovska, K; Mladenovski, G; Markovski, V; (освоено прво место на меѓународен симпозиум) Epidemiologycal characteristics of Influenza Virus in Municipality of Kumanovo – Denchovska, K; Nikolovski, R; Markovska, E; Makovski, V; Научни трудови како ко-автор: Anemia as a reason for hospitalization in the region od Kumanovo – Ilievski, S; Nikolovski, R; Denchovska, K; Anchevski, T; Markovska, Дипломски труд на тема: Epidemiologycal characteristics of Haepatite A virus in Municipality of Kumanovo – Denchovska, K; Makovski, V; Познавање на јазици и вештини: Одлично познавање на МS OFFICE (exel, word, power point, publisher), windows и linux оперативен систем Познавање на англиски јазик (напредно ниво) Познавање на германски јазик (основно ниво) Одлично познавање на блканска група јазици (српски, хрватски, бугарски ...) Способност за тимска работа Кристина за Доктори: Доктори.мк е сајт кој го следам од самиот негов почеток. Во него гледам голем проект кој се реализира и ги надминува сите очекувања. Горда сум што добив можност да бидам дел од овој тим кој е полн со амбиции. Верувам дека Доктори.мк понатаму ќе стане симбол за он-лајн медицина во Македонија и пошироко.