Не е потребен посебен вовед за оваа статија, тоа се 10 најчести медицински заблуди што сигурно барем по еднаш сте ги чуле во својот живот, во некои од нив сеуште верувате, но не за долго 🙂
1.КОРИСТИМЕ САМО 10% ОД НАШИОТ МОЗОК
Оваа теорија најчесто “му се препишува” на Алберт Ајнштајн, но всушност и тоа не е точно, како и самиот мит дека користиме само 10 % од мозокот. Теоријата всушност претставува една пропаганда, смислена во раните години на 20 век се со цел подигање на човечкиот морал и самодоверба.
Инаку,со медицински истражувања е докажано дека не постои дел,сегмент од мозокот кој е потполно инактивен! Затоа престанете да чекате “останатите 90%” да ви се активираат и фатете се за работа
2. ВИТАМИН Ц КОГА СМЕ БОЛНИ
Сведоци сме дека кога ќе се разболиме,настиниме,фатиме грип и сл., “главната” препорака и на лекарите и на обичниот човек се да земаме што повеќе витамин Ц. Се тоа е во ред, но јас ќе кажам дека за тоа веќе е доцна. Витаминот Ц има влијание за зајакнување на нашиот имунитет и низа други поволности , но откога ќе се разболиме НЕМА ниту еден НАУЧНО ДОКАЖАН документ или студија која ја потврдува неговата улога во нашето оздравување. Па овошјето и зеленчукот во рака,сега и веднаш,после е џабе !
3. АКНИ “ПРЕДИЗВИКАНИ” ОД ЧОКОЛАДО
Кој имал проблем со акни сигурно чул дека не треба да јаде чоколадо бидејќи од него му излегуваат акни. Па може да се успокоиме,слаткото задоволство завиткано во фолија нема ниеден доказ дека предизвикува создавање на акни. Оваа заблуда најверојатно датира од бејби-бум генерацијата, кога децата имале повеќе акни од нивните родители,а во исто време многу полесен “извор” до чоколада, па најлесно,можеби и најлогично им било да ги поврзат тие две работи.
Но пак да повторам,тоа не е точно, акните настануваат со зачепување на пората на лојната жлезда чиј секрет служи како лубрикант за нашата кожа. Прв “осомничен” фактор за нивно настанување се хормоните, па генетиката, па одредени лекови… како и да е , не е чоколадото. Па ајде, Milka, Nestle, Ritter. . . само со мерка
4. АКНИ(2): АКНИТЕ И МИЕЊЕТО ЛИЦЕ
Уште една заблуда за акните е тоа дека со почесто миење на лицето можеме да го намалиме ризикот за појава на акни. Да- со редовно миење,но почесто или да речам пречесто миење на лице ќе доведе само до контраефект т.е. ќе ги стимулира лојните жлезди да лачат повеќе од нивниот секрет.
5. КАФЕТО ГО ПОКАЧУВА КРВНИОТ ПРИТИСОК
Да, ќе се сложам со теоријата. Всушност тоа е и точна теорија. Она што повеќето не го знаат е дека вистина,во прво време кофеинот и неговиот централен ефект(предизвикува вазоконстрикција) доведуваат до покачување на притисокот, НО малку подоцна повеќе до израз доаѓа неговиот периферен ефект,а тоа е вазодилатацијата поради која настанува пад на крвниот притисок. Затоа внимателно со кафето и не го користете како замена за медикаментите кога сакате да го регулирате притисокот.
6. МОРКОВИТЕ ГО ПОДОБРУВААТ ВИДОТ
Занимлив мит со кој се среќаваме уште од најмали нозе Уште веднаш да расчистиме, морковот е богат со Vit.A но нема “моќ” за да ни го подобри видот. Интересна е приказната за настанувањето на овој мит кој потоа зазел широк замав.
Имено за време на Втората Светска војна, Британците шират гласини за тајната на нивните пилоти , дека успехот во соборувањето на непријателот се должи на тоа што јаделе многу моркови Успехот всушност се должел на нивните радари, а целта на овие гласини биле да го скријат тогаш новиот изум,радарот. Успеале во тоа
7. БРИЧЕЊЕТО НА ГЛАВАТА ПРИДОНЕСУВА ЗА ПООСТРО, ПОТЕМНО ВЛАКНО И ПОБРЗ РАСТ
Нема многу што да се објаснува за оваа заблуда освен тоа дека е заблуда. Причината за тоа што некои сеуште веруваат во ова е всушност “оптичката измама” на новоизраснатата коса која делува поостро(што е сосем нормално) и потемно,но не за друго,затоа што сеуште не си ја зела дозата од Сончеви зраци т.е. со тек на време под влијание на Сончевите зраци ќе биде со “старата боја”. Денес има премногу препарати за негување на косата и влакното па нема потреба од вакви конзервативни методи
8. ПИЈТЕ МИНИМУМ 8 ЧАШИ ВОДА ВО ДЕНОТ
Оваа количина кога ќе ја претставиме во литри доаѓа одприлика дека е точно онолку колку што му е потребно на еден организам за цел ден. Но тоа што не е точно е дека ние треба да испиеме 8 чаши вода во текот на денот без разлика дали сме жедни или не. Оваа бескомпромисност јас почнувам да мислам дека е пропаганда на произведувачите на вода.
Нешто не ви се совпаѓа во моите реченици? Да, 8 чаши вода дневно се потребни на нашиот организам, но ние истата количина ја примаме со нашата исхрана, па и разните напитоци, а овој факт вешто се избегнува. Многу е едноставно, пијте кога сте жедни, кога не сте-не!
9. ГУМАТА ЗА ЏВАКАЊЕ МИНУВА 7 ГОДИНИ НИЗ НАШИОТ ЖЕЛУДНИК И ЦРЕВА
Ретко кој како мал го немаат плашено со оваа информација, а вистината е дека многу од возрасните всушност и веруваат во тоа. Гумата за џвакање е несварлива т.е. желудникот не ја разградува на попрости соединенија, тоа е точно, но тоа не ја спречува заедно со останатата храна да си минува низ нашиот гастро-интестинален тракт,притоа без да се залепи некаде и си излегува на спротивниот крај за 2-3 дена, во истиот облик во кој што влегла
10. СВЕЖОТО Е СЕКОГАШ ПОДОБРО ОД ЗАМРЗНАТОТО
Речиси по автоматизам, замрзнатата храна ја сметаме за второкласна и неквалитетна. Вистината е тоа дека понекогаш замрзнатата храна е подобра и поквалитетна од свежата. Плодовите,овошјето и зеленчукот кога се зрели и кога имаат најголема нутритивна вредност се берат и замрзнуваат, па ниската температура мошне успешно “ги чува” хранливите состојки и речиси не губат од својата нутритивна вредност. Додека свежите плодови кои стојат на полиците и тезгите и кои ние ги ставаме секогаш во преден план, можат под дејство на топлината, влагата и др. надворешни фактори да загубат добар дел од својата нутритивна вредност.
-авторски текст, не смее да се користи зa комерцијални цели и/или реемитување-