Јаболкото – чувар на здравјето

0

Јаболкото е навистина здраво овошје. Содржи малку калории, а изобилува со растителни влакна кои имаат поволно влијание на дигестивниот тракт и го зголемуваат чувството на ситост. Јаболкото е добар извор на витамин Ц, витамин А, витамин Б1, Б2, Б6, ниацин, витамин Е, железо, антиоксиданси и др.

Јаболко со средна големина содржи околу 80 калории или тоа би било околу 50 калории на 100 гр. Бројот на калории лесно може да варира во зависност од видот на јаболкото, неговата зрелост и секако големината.

Многубројните истражувања покажуваат дека јаболкото го намалува ризикот од настанување на рак на дебелото црево, простатата и белите дробови. Секојдневната консумација на јаболка го намалува и ризикот од настанување на кардиоваскуларни заболувања, понатаму помага при справување со покачениот холестерол во крвта, го забрзува процесот на слабеење, превенира настанување на деменција и др.

Не за џабе се вели: “едно јаболко на ден го чува вашето здравје “. Без разлика на изборот – црвено жолто или зелено, препорачуваме да го јадете јаболкото свежо, бидејќи тогаш неговата хранлива вредност е најголема.

Добар апетит!

Д.р Бојан Шешоски
Д-р Бојан Шешоски, роден 1985г во Охрид. Основно и средно образование завршува во Охрид. Дипломира на Mедицинскиот факултет при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" од Скопје во 07.2009г со просечен успех 9.62. професионално искуство доктор на медицина - ЈЗУ "Завод за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања" - Охрид (2010-во тек) посетува едномесечен тренинг на Клиниката за ортопедија при Медицинскиот универзитет во Грац, Австрија (08.2009) како член на ССММ (Сојуз на студенти по медицина на Македонија) работи во одделот за студентски размени како локален офицер за размена (LEO) во Охрид (2004/2009); Учествува на субрегионален тренинг на IFMSA-Меѓународна федерација на медицинските студентски асоцијации (05.2009) останато Претставник на Р Македонија во следните младински лидерски програми: “Seeds of Peace - international conflict resolution program” - програма поддржана од Обединетите нации. Учесник на два едномесечни кампови во Мејн, САД и повеќе работилници (2001- 2011); учествува во SEEYLI (Младински лидерски институт за југоисточна европа) во Балтимор, Мериленд, САД - програма на Стејт департментот на САД администрирана од ИОО, IDEA и Towson University (2002); учествува во меѓународниот проект “Children of Аbraham" (2004г);