Ракот не е само здравствен проблем. Тој има големо влијание на општествено, економско и развојно ниво, како и импликација на човековите права.
-Околу 47% од случаите на рак и 55% од смртните случаи од рак се случуваат во помалку развиените региони на светот.
-Се предвидува целата оваа сегашна ситуација да биде влошена. До 2030 година, ако тековните трендови продолжат, случаите на рак ќе се зголемат за 81% во земјите во развој.
-Денес, влијанието од поединците со дијагностициран рак, заедници и популации се заканува да го спречи остварувањето на Милениумските развојни цели (МРЦ) до 2015 година.
-Ракот е и причина и резултат на сиромаштијата. Негативно влијае врз способноста на семејството да заработи дополнителен приход кој што е потребен за третирање на оваа болест, со што ги става во уште поголема сиромаштија. Во исто време, сиромаштијата, недостаток на пристап до образование и намалена здравствена грижа го зголемува ризикот на едно лице од добивање на рак.
-Ракот се заканува за подобрување на женското здравје и родовата еднаквост. Само два вида на рак, ракот на грлото на матката и ракот на дојката, заедно имаат повеќе од 750.000 смртни случаи секоја година, а голем број од смртните случаи се случуваат во поразвиените земји.
Извор: TOOLKITWORLD CANCER DAY 2013
Union for International Cancer Control
авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување