Рак на тестиси

0

Неколку збора за тестисите

Тестисите се парни машки полови органи кои ја овозможуваат половата способност на една машка единка. Тестисите создаваат машки полови клетки – сперматозоиди, кои по нивното созревање се спремни да ја оплодат женската полова клетка – јајце клетката. Тестисите предембрионално се наоѓаат во абдоминалната празнина, а само кратко време пред породувањето преку ингвиналниот канал се спуштаат во скротумот. Скротумот ги држи тестисите надвор од телото, им овозможува пониска температура (за неколку степени пониска од телесната), а со тоа и правилна спермогенеза.

 

Причини за појава на рак на тестиси

Причините не се познати. Се смета дека оние деца кои немале спуштени тестиси во почестокот на раѓањето се поризични како и луѓето со Клинелфелтеров синдром. Освен овие луѓе, ризична група за појава на карцином на тестис се смета дека се и следните групи на луѓе:

  • Мажите кои претрпеле удар во тестис;
  • Мажите изложени на штетното влијание на нафта или плин;
  • Секојдневното носење на тесна долна облека (боксерки);
  • Редовното консумирање на алкохол во поголеми количини;
  • Семејна историја на карцином на тестис.

Каде се лоцира ракот на тестисите?

Ракот на тестисите најчесто се лоцира на едниот тестис. Се приметува како зрно, односно нерамнина на тестисот, која обично лесно се палпира со рака. Зрното најчесто е безболно на допир, но во ретки случаи може да биде и болно. Болното зрно на тестисот често укажува на рак во понапреден стадиум. Најважно е оваа нерамнина на тестисот индивидуата навремено да ја препознае за да може навремено да се лекува.

Кои се симптомите?

Симптомите и кај овој карцином како и кај повеќето други можат да бидат различни. Најчести симптоми кои се јавуваат кај луѓето со карцином на тестиси се:

Почетни симптоми:

  • Чувствување на тежина во едниот тестис – Ова е симптом кој често се манифестира кај заболувањата со карцином на тестис. Бидејки патолошкото ткиво се развива на тестисот и може во некои случаи значително брзо да порасне, индивидуата има чувство на тежина во скротумот, односно едниот тестис е потежок од другиот и поспуштен. Сепак имајте на ум дека природно едниот тестис е поспуштен од другиот и само тоа не треба да биде причина за паника.
  • Нерамнина на тестисот, во вид на зрно или испакнување – Ова е првиот симптом кој треба да го забележите. Како што веќе рековме испакнувањето на тестисот во вид на зрно (чвор), кое на допир е тврдо, е најчесто безболен симптом кој не мора да значи со сигурност рак, но мора да се провери на уролог.
  • Крв во семената течност – Крвта во семената течност може да се појави од многу причини, некогаш е апсолутно безопасна, но често може да значи и карцином на тестис. Доколку забележите крв во семената течност, задолжително посетете уролог.

Подоцнежни симптоми:

Доколку карциномот не се открие и лекува навреме, како и повеќето други карциноми и овој може да даде метастази, кои најчесто ќе ги пробиат локалните лимфни јазли и ќе манифестираат болка.

  • Болка во долниот дел на грбот;
  • Болки во долниот дел на абдоминалната празнина;
  • Болки во пределот на ингвиналната регија;
  • Болен тестис на допир;
  • Крв во семената течност;
  • Неможност за ејакулација.

Важно е да се знае:

  • Ракот на тестиси се открива многу полесно од другите карциноми;
  • Ракот на тестисот почесто е бениген;
  • Карциномот на тестисот многу често се јавува кај млади деца и тинејџери.

Карциномот на тестис за жал е доста чест во светот и има тенденција на растење. Во Велика Британија од карцином на тестис заболуваат приближно 1 400 луѓе годишно, што е алармантна бројка. Карциномот на тестис најчесто се јавува во млади години, односно во период од 15 – 40 години, што исто така е алармантен податок и не е случај со другите карциноми кои се јавуваат подоцна во животот.

Како што веќе рековме болеста не се карактеризира често со интензивни симптоми, па луѓето не обрнуваат внимание и често карциномот го откриваат во многу доцен стадиум.

Превенција и дијагностика

Најточно и најпрецизно е ултразвучното дијагностицирање на карциномот. Сепак за да дојде до ултразвучно дијагностицирање треба да се едуцира младата популација како да се самопрегледува. Освен ова, за дијагностицирање на карцином на тестис се користи и одредувањето на нивота на алфа-фето протеин и лактат дехидрогеназа во крвта, како и други методи, но ултразвучниот колор доплер е најсигурен. Сепак, само редовното самопрегледување, особено во критичниот период (кој е релативно долг) може на време да го дијагностицира и излекува овој рак без огромни последици. Особено ризична група за појава на карцином на тестисите се младите со крипторхизам и Клинелфелтеров синдром.

Лекување

Добра вест е што овој карцином денеска може да се излекува во 80 – 100 % од заболените доколку се јават релативно на време, без разлика на типот на туморот. Лекувањето се постигнува најчесто со традиционалните медицински методи, односно отстранување на заболениот тестис хируршки (орхидектомија), хемотерапија и радиотерапија.

 

Заклучок

Ако го резимираме она што погоре го пишувавме, важно е и треба да се знае дека секое зголемување, отекување, појавување на нерамнини, крв во семена течност или било какви абнормалности кои отстапуваат од нормалната големина, форма и тежина мора да ви бидат доволен алармантен знак, не да паничите, туку да посетите лекар. Не секоја промена на тестисот значи карцином, но мора да се биде внимателен.

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

Д-р Роберт Николовски
E-mail: robima2008@gmail.com Phone: +38978/413-067 Adress: Jane Sansanski 18; K.Palanka Лични информации и образование: Родена: 28.11.1990 година во Крива Палнка Основно образование(1997 -2005), ОУ “Јоаким Крчовски” – Крива Паланка Средно образование-гимназија (2005-2009), СОУ “Ѓорче Петров” – Крива Палнка Високо образовани – Доктор по Општа медицина (2010-2016), Факултет за медицински науки – Универзитет “Гоце Делчев” – Штип Искуства и објавени трудови: Демонстратор на Факултетот за медицински науки - Универзитет “Гоце Делчев” – Штип (2015-2016) Уредник на доктори.мк (од 2013 година) Уредник на проектот zazdravje.com.mk во период од 2010 до 2013 година Автор на повеќе од 1 000 статии и текстови на домашни и меѓународни портали поврзани со одржување на здравјето Добитник на признание за придонес во здравствената едукација во Република Македонија Сертификат од Факултетот за медицински науки како доказ за оджување на вежби по предметот прва медицинска помош на студентите по општа медицина Во текот на средното обрзование добитник на златен медал за најдобар ученик на локален MASSUM огранок како и добитник на прва награда за изработка на web странана и бројни сертификати за најдобро изработена реклама за средното општинско училиште во соработка со USAID невладината организација Активно учество на меѓународен симпозиум – Current achievements and future perspectives in medical and biomedical research (2015) Активно учество на студентски симпозиум - Celebrating achievements in medical sciences, promoting health and sharing knowledge – Shtip (2016) Научни трудови како автор: Analysis of the PAP the PAP test results in the area of Kriva Palanka – Nikolovski, R; Denchovska, K; Mladenovski, G; Markovski, V; (освоено прво место на меѓународен симпозиум) Epidemiologycal characteristics of Influenza Virus in Municipality of Kumanovo – Denchovska, K; Nikolovski, R; Markovska, E; Makovski, V; Научни трудови како ко-автор: Anemia as a reason for hospitalization in the region od Kumanovo – Ilievski, S; Nikolovski, R; Denchovska, K; Anchevski, T; Markovska, Дипломски труд на тема: Epidemiologycal characteristics of influenza virus in Municipality of Kumanovo – Nikolovski, R; Markovski, V; Познавање на јазици и вештини: Одлично познавање на МS OFFICE (exel, word, power point, publisher), windows и linux оперативен систем Основно познавање на програмси јазици: C++, paskal, JAVA Познавање на англиски јазик (напредно ниво) Познавање на германски јазик (основно ниво) Одлично познавање на блканска група јазици (српски, хрватски, бугарски ...) Способност за тимска работа -Во Доктори.мк препознав сајт кој има потенцијал и тим кој во иднина не само што ќе го направи Доктори.мк главен медицински информатор во Македонија, туку и прирачник за сите медицински лица, препознатлив не само во земјава туку и во целиот регион. Горд сум што имам можност да бидам дел од овој тим кој е полн со енергија и спремен да го доближи светот на медицината до секој граѓанин. Му посакувам на порталот како и на целиот негов тим многу успеси и вредна и напорна работа, бидејќи само така може да се дојде до посакуваниот ефект.