Најопасните орални заболувања

Карциномна усната шуплина е најопасното орално заболување. Освен својот неконтролиран раст и карактеристичен  клинички изглед, не создава никакви проблеми ниту пак болни симптоми, па затоа заболените многу доцна одат на стоматолог. Со резултатите од биопсијата би се поставила точната дијагноза.

Најчестото место каде се појавува карциномот во усната шуплина е слузницата на долната усна, под или над работ на јазикот. Најпрво изгледа како плитка или длабока рана која расте, има различна боја од останатата слузница и се шири во околното подрачје. Промена која може да му претходи на карциномот е еритроплакијата. Таа е преканцерозна лезија со голема веројатност да премине во карцином. Освен на оралната слузница, може да се појави и на гениталната слузница. Се карактеризира со црвено променета слузница и тоа на образите, днто на усната суплина, јазикот или гингивата. Потребно е да се направи биопсија, за да може по поставувањето на дијагнозата да се спроведе  потребната терапија.

Оралниот Лихен рубер се вбројува во имуносни болести на слузницата на усната шуплина со мала веројатност да премине во карцином. Најчесто се развива на двете страни од слузницата од образите. Се создаваат беличасти промени во облик на мрежа (Викманови стрии) или малечки папули на слузницата. За поставувањето на точната дијагноза најмногу помагаат препознатливата клиничка слика, карактеристичниот патохистолошки наод  како и лабораториските и имунолошките наоди.

Актинички хеилитис е воспаление на усните (почесто е зафатена долната усна) која настанува како последица на  долготрајното изложување на сонце. Усната може да биде отечена, црвена и сува. Подоцна се јавуваат и беличасти промени (кератоза). Ваквата состојба на усната има поголема веројатност да премине во карцином, но со адекватна заштита на усните со примена на заштитни кремови, тоа може да се спречи.

Плумер – Винсонов синдром се карактеризира со сидеропенична анемија, воспаление на слузницата на јазикот, отежнато голтање. Започнува со воспаление на аглите на усните, црвена и болна слузница на јазикот, т.е. бледа кожа и слузница.

 

Сифилис е болест предизвикана од бактеријата  Treponema pallidum  која го зафаќа целото тело вклучувајќи ја и усната шуплина. Во почетниот стадиум се карактеризира со појава на ранички или улкуси (наречени  ulcus durum)на слузницата најчесто на усните, јазикот или непцето. Ваквата болест има неколку разбојни стадиуми. Во последниот стадиум може да дојде до перфорирање на непцето, проследено со воспалителни промени на јазикот, губење на чувството за вкус и голема веројатност за настанување на карцином. Терапијата за лекување на оваа болест во себе вклучува антибиотик.

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

Д-р Кристина И. Стојаноска - Алоска
Д-р Кристина И. Стојаноска Алоска е родена 1984 год. во Охрид. Средно образование завршува во гимназијата “Св. Климент Охридски” , природно - математичка насока, во 2003 год. Дипломира на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје во 2008 год. Учествувала на повеќе конгреси, семинари и работни курсеви од областа на стоматологијата. Професионален ангажман: Работи во Стоматолошката ординација „Д-р Каланоска“ - Охрид Доктори.мк е портал кој на популацијата и овозможува да согледа многу проблематики од областа на здравството и да научи многу совети и факти за животот , исхраната и здравјето. Мапата претставува одличен и најбрз начин преку кој може да се лоцира доктор или некоја медицинска установа. Особена чест и огромно задоволство ми претставува што сум дел од тимот на Доктори.мк и искрено се надевам дека преку моите статии читателите на Доктори.мк ќе научат многу проблеми од областа на стоматологијата. Доктори.мк според мене е par excellence портал од областа на здравството во Македонија. Големо БРАВО за основачите!!!