Dentitio difficialis – отежано изникнување на умникот

0

Проблемите поврзани со умниците се статистички доста чести. Умниците или третите молари се последни заби во забниот низ, вкупно се четири, по два сместени во горната и долна вилица. Името умник доаѓа поради периодот на никнување, а тоа по правило е после двадесетта година од животот или нешто подоцна, што некогаш се сметал тој период како зрелост или мудри години.

Припаѓа во генетски варијабилни заби, и токму затоа се присутни сите проблеми поврзани со него. Во секој квадрант на двете вилице има по осум заби, што значи вкупно 32. Тие осум заби во секој квадрант се поделени во групи според нивната морфологија и функција. Последниот заб од секоја група, освен очњакот, е генетски варијабилен, а тоа значи дека со текот на еволуцијата неговиот облик и неговото постоење варираат. Еволуциски кај човекот доаѓа до смалување на бројот на забите. Најваријабилен од сите заби е умникот – може и не мора да постои, ако постои, може и не мора да никни, ако никни, може да никни до крај и не мора, ако никни до крај може да никни правилно или неправилно.


Морфолошки умникот нема правила кои важат за останатите заби. И тоа често резултира со проблеми за самиот пациент. Тоа отежано никнување е перикоронарна инфекција на меките ткива, односно воспаление на џеповите околу забот кој е во процес на никнување или полуимпактиран заб. Помеѓу круната на забот и мекото ткиво настанува џеп кој претставува ретенционо место за остатокот од храна или за бактериите, односно, на тој начин настанува хронично воспаление кое може акутно да егзацербира. Кај отежаното никнување на умникот има несразмерен однос помеѓу големината на круната на забот и недостаток на простор во вилицата, за да би изникнал умникот нормално во нивото на оклузалната површина. Наизменично се менуваат периодите на хронични и акутни воспалениа.


При трауматизација со спротивниот заб ( антагонистот ) настанува улцерација на гингивата и до создавање на оток кој е болен на притисок. Од гингивалниот џеп на притисок во пределот на долниот умник, присутена е серозна содржина, а во поодмината фаза и гнојна. Се тоа е секогаш пропратено со силни болки, тризмус ( отежано отварање на устата ), отежано голтање, како и непријатен здив, а не така ретко и зголемена телесна температура, оток на лимфните жлезди, можат да се појават и мигренозни главоболки, бол во увото, дури и до тоа да не може да се помрдне вратот. Воспалението може да се прошири и да предизвика абсцедирање во околните предели, создавање абсцес во соседните простори, како и до појава на остеомиелитис.

Постапките со кои се се ова решава се различни, од едноставно испирање со антисептици до оперативни захвати. Во тој случај најчесто се применува тн. циркумцизија ( хирушки рез ) на слузницата околу умникот и слузницата која делимично го прекрива забот. Ако циркумцизијата не е доволна или на самиот почеток се процени да не е тоа решение, таквиот заб се отстранува. Секој стоматолог потоа ќе процени дали е потребна превентивна антибиотска терапија или не.

Повеќе за д-р Елена Мојсовска >>>

-авторски текст, не смее да се користи зa комерцијални цели и/или реемитување-

Д-р Елена Јевтиќ
Д-р Елена Јевтиќ е родена во 1988г во Битола. Средното образование го завршува во гимназијата „Јосип Броз - Тито" - Битола, природно-математичка насока во 2007г. Дипломира на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот Нови Сад, Панчево во Јули 2013г. -Доктори.мк претставува место каде што можете да дознаете многу повеќе за Вашето здравје, неговата првенцијата и тераписките модалитети од стручен тим на соработници. Особено задоволство е да бидете дел од еден таков тим на успешни и докажани здравствени лица.