Добри вести за љубителите на чоколадото – Здравствени придобивки

0

Има добри вести за сите љубители на чоколадото, новите истражувања покажаа дека чоколадото може да се смета за ,,супер храна,, која се приклучува во редовите на боровинката и брокулата. Може да се борите дури и против расипувањето на забите, доколку јадете чоколадо.

  • Чоколадото е произведено од какао, кое содржи моќен концентрат на полифеноли, флавоноиди и антибактериски својства.
  • Но, овие бенефиции се однесуваат само на темното чоколадо, не на млечното чоколадо, и колку има повисоки количини какао, толку подобро.

 

Некои здравствени придобивки од чоколадото како супер храна се следните:

  • Борба против расипувањето на забите
  • Поради антибактериските својства на какаото, темното чоколадо може значително да ја намали инциденцата на денталниот плак и појавата на кариес.
  • Подобро кардио-васкуларно здравје
  • Какаото е богато со полифеноли, молекула која може да ја подобри здравствената состојба на кардиоваскуларниот систем, доведува до подобрување на крвниот притисок, инсулинската резистенција и нивото на липиди во крвта.
  • Помал ризик од дијабетис
  • Лицата кои конзумираат 40г темно чоколадо дневно, имаат намален ризик од појавата на дијабетис дури на половина.
  • Пониски масти процентуално присутни во телото
  • Антиоксидантите присутни во темното чоколадо го намалуваат воспалението и помагаат во ублажување на производството на хормони кои инаку би предизвикале зголемување на телесната тежина.
  • Подобрување на менталната состојба
  • Какаото може да промовира чувство на смиреност, јасност и блаженство со стимулирање на производството на фенилетиламин при лачењето на серотонин.
  • Други придобивки на далеку познати се секако и зголемената ментална концентрација и подобреното управување со стресот.

Уживајте сега во овој неодолив десерт!

-авторски текст, не смее да се користи зa комерцијални цели и/или реемитување-

Д-р Елена Јевтиќ
Д-р Елена Јевтиќ е родена во 1988г во Битола. Средното образование го завршува во гимназијата „Јосип Броз - Тито" - Битола, природно-математичка насока во 2007г. Дипломира на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот Нови Сад, Панчево во Јули 2013г. -Доктори.мк претставува место каде што можете да дознаете многу повеќе за Вашето здравје, неговата првенцијата и тераписките модалитети од стручен тим на соработници. Особено задоволство е да бидете дел од еден таков тим на успешни и докажани здравствени лица.