Рак на дојката ќе се открива на стоматолог

0

Со едноставен тест за време на посетата на стоматолог наскоро ќе може да се открие дали луѓето се во раните фази на рак на дојката , велат научниците. Пациентите ќе може да се тестира за рак на дојката со испитување на одредени протеини – маркери кои се наоѓаат во нивната плунка.

Ракот предизвикува промени на нормален тип и количество на протеини во жлездената секреција од плунковните жлезди. Истражувачи анализирале примероци плунка од 30 пациенти. 49 протеини се откриени со кои може да се направи разлика на здравите пациенти од оние со бенигни тумори на градите и од оние со малигни тумор на дојката. Плунката е комплексна мешавина од протеини. Минува низ еден процес кој ги споредува различните примероци од хемиските чие означување овозможува идентификација на протеини и утврдување на точниот износ во секој примерок. Тоа овозможува да се споредат нивоата од 150 до 200 различни протеини во канцерогени и не-канцерогени примероци со цел да се идентификуваат можните маркери на болеста. Сегашните методи за откривање на рак на дојка вклучуваат мамографија , ултразвук и биопсија, и научниците се надеваат дека еден ден сето тоа лесно може да го замени салива тестирањето.


Зошто не на стоматолог ? Повеќето луѓе , особено жени и деца, посетата на стоматолог им е почеста отколку што одат на лекар по општа медицина. Плунката е неинвазивен , брз метод на откривање. Раното откривање на рак спасува многу животи. Затоа истражувачи од целиот свет се обидуваат да најдат начин како раните знаци на болеста кои може да се најде во телесни течности како што се крвта и плунката да бидат откриени. Се повеќе се истражува со цел што побрзо стоматолозите да почнат да го користат овој метод рутински.

Повеќе за д-р Елена Мојсовска >>>

-авторски текст, не смее да се користи зa комерцијални цели и/или реемитување-

Д-р Елена Јевтиќ
Д-р Елена Јевтиќ е родена во 1988г во Битола. Средното образование го завршува во гимназијата „Јосип Броз - Тито" - Битола, природно-математичка насока во 2007г. Дипломира на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот Нови Сад, Панчево во Јули 2013г. -Доктори.мк претставува место каде што можете да дознаете многу повеќе за Вашето здравје, неговата првенцијата и тераписките модалитети од стручен тим на соработници. Особено задоволство е да бидете дел од еден таков тим на успешни и докажани здравствени лица.