Чување и складирање на мајчиното млеко

0

Можноста да го истиснете вашето млеко, ви нуди поголема слобода во движењето. Млекото, може да му го даде на бебето и некој друг член на семејството додека вие сте отсутни.

Постојат повеќе начини на истиснување на млекото, меѓу кои рачно, со рачна пумпа или пумпа на батерии.

Истражувањата покажуваат дека свежо измолзено мајчино млеко, може да се чува на собна температура (околу 26 Сдо 6 часа или на температура 18С– 22Сдо 10 часа. Сепак, се препорачува доколку не се планира употреба во првите 4 часа, да се стави  во ладилник. На температура од 4С0 млекото може да стои до осум дена. Длабоките замрзнувачи овозможуваат и подолготрајно чување на млекото. Постојат различни садови за чување на млекото. Добар избор се садови од цврста проѕирна пластика. Мајките ја одбираат пластиката заради нејзината практичност, а некои градинки не прифаќаат стаклени садови заради можноста од кршење.

 

Мајки, нема ништо поубаво и поздраво од мајчиното млеко. Давајте му го на вашето бебе во секое време кога ќе посака, и доколку не можете преку доењето, тогаш преку направете го тоа преку складирање на млекото. Така вашето бебе ќе биде најзадоволно.

Д-р Катерина Дамевска
Д-р Катерина Дамевска е родена на 13.08.1984 во Скопје. Средно образование завршува во ДСМУ д-р Панче Караѓозов, отсек медицинска сестра. Во 2011 година дипломира на Медицинскиот факултет во Скопје и се здобива со звање доктор по општа медицина. Има учествувано на повеќе стручни семинари и предавања и активно ги следи новостите од областа на медицината. Одлично ги познава англискиот и албанскиот јазик, а има и познавања од францускиот и шпанскиот јазик. Нејзиното мото е: "Животот е огледало ако му се насмевнеш ќе ти се насмее, а ако му се намуртиш ќе ти се намурти. Затоа смејте се и не заборавајте дека смеењето е половина здравје." Oгрoмна чест и задоволство ми преставува да бидам дел од тимот на Доктори мк. Ова е одличен сајт кој овозможува добра едукација на пациентите во различни области на медицината. Информациите се прикажани на еден едноставен, забавен и сликовит начин близок за разбирање на сите категории на пациенти. Пред се големо браво за професионалниот техничко-уреднички тим полн со ентузијазам и совршени идеи, и кој не обедини на еден интересен начин.