Јајца од јапонска препелица – мала енергетска бомба

Јапонската Препелица потекнува од Источна Азија, но во последно време се одгледува низ целиот свет. Јајцата од Јапонска Препелица биле неизоставен дел од трпезата на Египетските фараони, а нивната лековитост во Кина и Јапонија е одамна позната. Во поново време, лековитите својства на овие јајца се истражувани од страна на бројни научници од целиот свет. Резултатите покажале дека се извонреден природен лек за лекување на бројни заболувања.

Што е толку делотворно во ова малечко јајце?

Во споредба со јајцето од кокошка, јајцето од Јапонската Препелица има пет пати повеќе фосфор, седум пати повеќе железо и десет пати повеќе разни витамини. Тоа е мала енергетска бомба, а сепак едно јајце содржи 15 калории.

Содржина на едно јајце
74,6% вода
13,1% белковини
11,2% масти
1,1% минерали и останати ензими

Минерали
3,2мг железо
2.2мг фосфор
0,5мг калциум

Витамини 
300 ИЕ витамин А
0,1мг витамин Б1
0,8мг витамин Б2

 

На кого му се најпотребни јајцата од Јапонска Препелица?

Јајцата од Јапонска Препелица позитивно делуваат на крвта и крвотокот, срцето, црниот дроб, бубрезите, желудникот и мозокот. Наменети се за оние кои имаат проблеми со овие органи, па и во случај на најтешки заболувања, а превентивно можат да им бидат од корист на сите. Најпожелни се за следниве групи:

  •  деца во развој
  •  возрасни луѓе
  •  за луѓе кои се на диета
  • спортисти и физички работници

Терапија со Јајца од Јапонска Препелица

Терапијата со ваквите јајца не бара посебна подготовка. На децата, во зависност од возраста им се даваат помал број јајца.

Деца до 3 години – 2 јајца дневно
Деца од 3 до 5 години – 3 јајца дневно
Деца од 5 до 10 години – 4 јајца дневно

Јајцата се консумираат сирови, на утро, на празен желудник, половина час пред јадење. За полесно консумирање, дозволено е да се изматат со миксер, да се додаде малку јогурт или сок од лимон, портокал, вишна или јаболко, да се засладат со шеќер, мед или чоколадо во прав. Терапијата е дозволено да се спроведе и доколку по препорака на лекар се земаат некои лекови. Исклучок е случајот кога не треба да се консумираат белковини.

Нешто плус …

Јајцата треба да се чуваат во фрижидер, на температура од 1 до 4 степени целзиусови. Ваквите јајца имаат рок на употреба 60 дена. Секоја Препелица во просек неси по едно јајце дневно, а притоа неговата тежина изнесува скоро 10% од нејзината тежина. Само овој податок е доволно оправдување за вековното тврдење дека јајцето од Јапонската Препелица е прав еликсир на животот.

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

Др. Кристина И. Стојаноска Алоска е родена во Охрид, 1984 година. Средно образование завршува во родниот крај, во гимназијата „Св. Климент Охридски“, природно- математичка насока, во 2003година. Дипломира на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во 2008 година. Со работна лиценца за доктор по стоматологија се стекнува по положување на државниот испит во 2009 година. Во соработка со ОО Црвен крст - Охрид издава две брошури поврзани со оралното здравје. По повод Неделата на забоздравствена заштита, во 2014 ја издава Брошурата „ГРИЖА ЗА ЗАБИТЕ“ наменета за најмладите во која се опишани правилата за здрави заби што треба секое дете да ги знае. Следната, 2015 година, за истата цел ја издава брошурата „НАСМЕВКА БЕЗ КАРИЕС“, на малку повисоко ниво, наменета за сите родители и деца, во која се опишани сите нешта поврзани со кариесот и тоа како да се спречи. Во 2017 година издавачката куќа ЕДУКА МАК ја издава нејзината книга со 10 раскази на тема орално здравје, напишани како поезија во проза, со наслов „НАСМЕВКА ЗА ПЕТКА“. Работна пракса како доктор на стоматологија извршува во Стоматолошката ординација "ЕТАДЕНТ" во Охрид, чиј сопственик е од 2019 година. Доктори.мк е портал кој на популацијата и овозможува да согледа многу проблематики од областа на здравството и да научи многу совети и факти за животот , исхраната и здравјето. Мапата претставува одличен и најбрз начин преку кој може да се лоцира доктор или некоја медицинска установа. Особена чест и огромно задоволство ми претставува што сум дел од тимот на Доктори.мк и искрено се надевам дека преку моите статии читателите на Доктори.мк ќе научат многу проблеми од областа на стоматологијата. Доктори.мк според мене е par excellence портал од областа на здравството во Македонија. Големо БРАВО за основачите!!!