Рен – моќен чувар на вашето здравје

0

Ренот е моќен чувар на човековото здравје, особено во зимските денови. Тој е природен антибиотик, корисен за подобрување на циркулацијата и заштита на срцето како и целиот кардиоваскуларен систем.

 

Ренот (Cochlearia armoracia) се смета дека води потекло од Западна Азија, а неговиот корен уште од древните времиња е познат на народот. Познавачите на алтернативната медицина велат дека ренот е еден од најмоќните зачини на природата и вистински дар од бога. Додека е млад ренот има пикантен и “топол” вкус, без мирис, но за време на сецкањето ренот е интензивен иритатор на очите, па скоро секогаш предизвикува солзење.

Нутриционистички статус на ренот

Млад и свежо исецкан рен содржи околу 100 мг витамин Ц во 100 грама рен, што го става ренот на високо место на листата на намирници богати со витамин Ц. Ренот содржи високо ниво и на калциум, калиум, магнезиум, фосфор, гликозит, глутамин, глукоза, кисел сулфат, како и етерични масла од каде и потекнува неговата пикантност. Нутриционистите го препорачуваат особено на зима. Тие велат дека ренот е навистина благотворен антибиотик, освен тоа ја подобрува циркулацијата, учествува во детоксикација на телото и го забрзува метаболизмот. Поради сето ова ренот би требало да ни биде чест избор особено во ладните зимски денови и сезоните на грип и настинки.

Употреба

Ренот се употребува во текот на целата година. Најчесто од него се приготвуваат чаеви, сирупи и разни облоги. Тој е особено корисен кога се работи за дигестивниот систем – само 15-20 капки на сок од рен може значително да го подобрат варењето на храната, на начин што ќе го стимулира лачењето на желудниковите и цревните сокови, помага во репарација на дигестивниот епител и што е најважно помага во обновување на нормалната цревна бактериска флора, што е клучен услов за добро варење на храната.

Луѓето уште од многу одамна го користеле ренот против воспаленија на белите дробови, кивање, за искашлување, гихт и скорбут. Познавачите на алтернативната медицина ренот особено го препорачуваат кај луѓе со бубрежни проблеми и кај дијабетичари. Тие велат дека тој би требало да биде во топ 5 најкористени намирници особено во зимскиот период, бидејќи неговите придобивки се навистина големи. Интересен е фактот што многу народи низ вековите наназад на ренот му препишуваат и афродизјачки моќи.

Како најлесно да ги искористите здравствените придобивки од ренот – неколку рецепти од народната медицина

Со рен до здраво срце и крвоток

Потребни состојки: 5 лажички сок од морков, 5 лажички нарендан рен, 3 лимони, 2 чашки мед
Сите состојки промешајте ги заедно, лимоните исцедете ги заедно со другите состојки, смесата ставете ја во тегла и чувајте ја на ладно и суво место. Земајте секој ден по една супена лажица три пати на ден.

Чај од рен за јакнење на белите дробови

Потребни состојки: 10 грама рен, 200 мл. зовриена вода

Одкако ќе го приготвите чајот на ист начин како и секој друг, поделете го во три дози, и истиот пијте го трипати во денот, подгреан на темперетура околу 40 степени.

Со рен до подобра дигестија

Потребни состојки: еден литар бело вино, 50 грама корен од рен
Во еден литар бело вино ставете го ренот, затворете го и оставете го на темно место да отстои, потоа секој ден пијте по 100 грама после јадење.

Со рен против настинка

Потребни состојки: еден поголем корен рен, лимонов сок
Ренот изрендајте го и додадете го лимоновиот сок, затворете во тегличка и ставаете го во фрижидер. Земајте по една лажичка повеќе пати во денот од смесата, помеѓу оброци.

Напомена: По земањето на некои од овие рецепти на грлото можеби ќе осетите горење, а на очите солзење. Земањето вода веднаш по смесата не се препорачува.

 

Д-р Роберт Николовски
E-mail: robima2008@gmail.com Phone: +38978/413-067 Adress: Jane Sansanski 18; K.Palanka Лични информации и образование: Родена: 28.11.1990 година во Крива Палнка Основно образование(1997 -2005), ОУ “Јоаким Крчовски” – Крива Паланка Средно образование-гимназија (2005-2009), СОУ “Ѓорче Петров” – Крива Палнка Високо образовани – Доктор по Општа медицина (2010-2016), Факултет за медицински науки – Универзитет “Гоце Делчев” – Штип Искуства и објавени трудови: Демонстратор на Факултетот за медицински науки - Универзитет “Гоце Делчев” – Штип (2015-2016) Уредник на доктори.мк (од 2013 година) Уредник на проектот zazdravje.com.mk во период од 2010 до 2013 година Автор на повеќе од 1 000 статии и текстови на домашни и меѓународни портали поврзани со одржување на здравјето Добитник на признание за придонес во здравствената едукација во Република Македонија Сертификат од Факултетот за медицински науки како доказ за оджување на вежби по предметот прва медицинска помош на студентите по општа медицина Во текот на средното обрзование добитник на златен медал за најдобар ученик на локален MASSUM огранок како и добитник на прва награда за изработка на web странана и бројни сертификати за најдобро изработена реклама за средното општинско училиште во соработка со USAID невладината организација Активно учество на меѓународен симпозиум – Current achievements and future perspectives in medical and biomedical research (2015) Активно учество на студентски симпозиум - Celebrating achievements in medical sciences, promoting health and sharing knowledge – Shtip (2016) Научни трудови како автор: Analysis of the PAP the PAP test results in the area of Kriva Palanka – Nikolovski, R; Denchovska, K; Mladenovski, G; Markovski, V; (освоено прво место на меѓународен симпозиум) Epidemiologycal characteristics of Influenza Virus in Municipality of Kumanovo – Denchovska, K; Nikolovski, R; Markovska, E; Makovski, V; Научни трудови како ко-автор: Anemia as a reason for hospitalization in the region od Kumanovo – Ilievski, S; Nikolovski, R; Denchovska, K; Anchevski, T; Markovska, Дипломски труд на тема: Epidemiologycal characteristics of influenza virus in Municipality of Kumanovo – Nikolovski, R; Markovski, V; Познавање на јазици и вештини: Одлично познавање на МS OFFICE (exel, word, power point, publisher), windows и linux оперативен систем Основно познавање на програмси јазици: C++, paskal, JAVA Познавање на англиски јазик (напредно ниво) Познавање на германски јазик (основно ниво) Одлично познавање на блканска група јазици (српски, хрватски, бугарски ...) Способност за тимска работа -Во Доктори.мк препознав сајт кој има потенцијал и тим кој во иднина не само што ќе го направи Доктори.мк главен медицински информатор во Македонија, туку и прирачник за сите медицински лица, препознатлив не само во земјава туку и во целиот регион. Горд сум што имам можност да бидам дел од овој тим кој е полн со енергија и спремен да го доближи светот на медицината до секој граѓанин. Му посакувам на порталот како и на целиот негов тим многу успеси и вредна и напорна работа, бидејќи само така може да се дојде до посакуваниот ефект.