Калциум – важен елемент за организмот

Калциумот е неопходен за создавање на коските и забите, особено во развојот. Покрај тоа што делува на коските, калциумот има и други улоги. Тој учествува во пренесувањето на нервните импулси, обезбедувајќи го срцевиот ритам и е неопходен за коагулација на крвта. За неговата правилна апсорпција неопходен е и витаминот Д, како и Витаминот Ц. Добро се апсорбира и со магнезиумот. Се наоѓа во различни намирници во исхраната, па затоа се вели дека правилната и разновидна исхрана е доволна за внес на дневната доза потребен калциум. Најмногу го има во млекото и млечните производи, соино млеко, а од овошје и зеленчук се наоѓа во зелениот зеленчук и гравот, како и во боровинките, кивито, лимонот, портокалот, јагодата, грозјето и бананата.

Дневна доза на калциум

Се смета дека калциумот од млекото се апсорбира многу подобро отколку калциумот од овошјето и зеленчукот. Дневната потребна доза за возрасни е 1000 мг калциум, што го има во три чаши млеко. Неопходно е да се внесе оваа доза во текот на денот бидејќи дневно се губи околу 800 мг пред се преку уринарниот тракт, а во организмот остануваат само 200 мг од внесената количина. На адолесцентите, бремените жени и жените во климактериум им се препорачува да земаат поголемо количество калциум во текот на денот – 1500 мг.

Недостатокот од калциум е штетен за организмот

Недостатокот од калциум може да доведе до грчеви во мускулите, да предизвика проблеми со срцето, а кај возрасните може да предизвика остеопороза.

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

Др. Кристина И. Стојаноска Алоска е родена во Охрид, 1984 година. Средно образование завршува во родниот крај, во гимназијата „Св. Климент Охридски“, природно- математичка насока, во 2003година. Дипломира на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во 2008 година. Со работна лиценца за доктор по стоматологија се стекнува по положување на државниот испит во 2009 година. Во соработка со ОО Црвен крст - Охрид издава две брошури поврзани со оралното здравје. По повод Неделата на забоздравствена заштита, во 2014 ја издава Брошурата „ГРИЖА ЗА ЗАБИТЕ“ наменета за најмладите во која се опишани правилата за здрави заби што треба секое дете да ги знае. Следната, 2015 година, за истата цел ја издава брошурата „НАСМЕВКА БЕЗ КАРИЕС“, на малку повисоко ниво, наменета за сите родители и деца, во која се опишани сите нешта поврзани со кариесот и тоа како да се спречи. Во 2017 година издавачката куќа ЕДУКА МАК ја издава нејзината книга со 10 раскази на тема орално здравје, напишани како поезија во проза, со наслов „НАСМЕВКА ЗА ПЕТКА“. Работна пракса како доктор на стоматологија извршува во Стоматолошката ординација "ЕТАДЕНТ" во Охрид, чиј сопственик е од 2019 година. Доктори.мк е портал кој на популацијата и овозможува да согледа многу проблематики од областа на здравството и да научи многу совети и факти за животот , исхраната и здравјето. Мапата претставува одличен и најбрз начин преку кој може да се лоцира доктор или некоја медицинска установа. Особена чест и огромно задоволство ми претставува што сум дел од тимот на Доктори.мк и искрено се надевам дека преку моите статии читателите на Доктори.мк ќе научат многу проблеми од областа на стоматологијата. Доктори.мк според мене е par excellence портал од областа на здравството во Македонија. Големо БРАВО за основачите!!!