Nigella Sativa припаѓа на фамилијата Ranunculaceae, тоа е едногодишно цветно растение со потекло од Mедитеранот или западна Азија. Стеблото е со висина од 40 цм, едноставно или разгрането, повеќе влакнесто, додека листовите се повеќе пати пересто разделени, а цветовите се нежни со бела или бледосина боја.
Плодот на ова растение е со долгнавеста чашка, во кое се наоѓа лековитото семе со црна боја. Повеќето народи го нарекуваат со најразлични имиња: мачкин брк, црнинка, чупава ката, црн ким, а пак Хиндусите го нарекуваат калониј.
Денес ширум светот е популарна употребата на екстратот/маслото од милeниумски ценетото црно семе.
Маслото од црното семе се добива со метод на ладна екстракција. При постапката на добивање маслото не се филтрира бидејки содржи меки делови од црното семе, кои се многу важни во третманот на многу болести. Од 1959 година преку 200 научници го имаат проверено и потврдено 14 века старото пишано и прикажано искуство од страна на прoрокот Мухамед.
И во други народи и култури се смета дека црното семе е златен рудник на здравје, ги лекува сите болести освен смртта. Во Ориентот тоа е чест зачин во кујната со својот карактеристичен горчливо-лут вкус.
Хранлива вредност и состав:
- Протеини 208 mg/g
- Тиамин 15mg/g
- Рибофлавин 1mg/g
- Пиридоксин 5mg/g
- Ниацин 57mg/g
- Фолна киселина 610mg/g
- калциум 1,859mg/g
- железо 105mg/g
- Бакар 18mg/g
- Цинк 60mg/g
- Фосфор 5,265mg/g
Примена:
Примена на црното семе е во голема мера во најразлични состојби и болести.
- Го зјакнува имунолошкиот систем
- Ја зголемува виталноста на телото и помага во надминување на дневниот замор и слабост
- Помага при гасови предизвикани од жолчна инсуфициенција
- Делува противвоспалително, антипиретично, антибактериско и антивирусно
- Во нарушувања на процесите на коагулација како крварење од носот, хемороиди
- Помага во третман при габични инфекции на нозе, раце и нокти
- Го регулира нивото на хормот на раст, гликозата , триглицеридите и сперматозоидите
- Ја подобрува работата на дигестивните органи и делува во третманот на опстипација,чир на желудник
- делува на воспаление на мочниот меур, ноќно мокрење
- во третман на косопаст, ќелавост, слаба коса и предвремено белеење
- Во поново време има сознанија дека се користи и во борабата проти ракот и сидата.
За крај за дамите да ја откриеме и чудесната моќ на црното семе поточно тајната на Клеопатра. Нејзината преубава кожа и лице биле поради секојдневното користење на мешавината од црно семе и маслиново масло втриени со масажа. Во Стариот Египет ова се коростело како еликсир на убавината.
авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување