Првите трајни молари никнуваат околу шестата година од животот
Кога детето е на шест годишна возраст, неговите вилици растат и прават место за сместување на трајните заби. Во тоа време корените на млечните заби почнуваат да се ресорбираат од страна на околното ткиво, додека трајните заби се припремаат за никнување.
Првите трајни молари никнуваат околу шестата година од животот. Овие заби не заменуваат ниту еден млечен заб и затоа често не ги разликуваме од нив. Потребно е да се има во предвид дека ова се трајни заби и треба внимателно да се чуваат, со што детето би ги задржало до крајот на животот.
Овие заби се значајни и поради тоа што влијаат на обликувањето на долната третина од лицето. Исто така, имаат влијание и на положбата и здравјето на останатите трајни заби.
Понекогаш млечните заби се губат (вадат) пред да изникне трајниот заб заменик. Доколку прерано се изгуби млечниот заб, соседниот заб може да се навали или да се помести према празниот простор. Во таков случај, кога трајниот заб ќе почне да никне, ќе нема доволно место и како резултат на сето тоа доаѓа до малоклузија. За да се избегнат вакви проблеми, стоматологот може да предложи употреба на протеза (чувар на простор) со што би се чувал просторот за никнување на трајните заби. Но, доколку млечните заби не паднат на време, стоматологот може да препорача тие да се извадат за да се спречи неправилното никнување на трајните заби.
Залевање на фисурата на забот – превенција од кариес
Детето би требало до својата седма година да се оспособи самото да ги мие забите. Користењето на конец на оваа возраст е малку комплицирано и добро е детето до осмата година тоа да го прави под надзор на родител.
За да се спречи расипување на првите трајни молари, освен потребната хигиена на усната празнина, потребно е да се изврши и залевање на фисурата на забот. Тоа претставува многу ефикасен начин за превенција од кариес. Се препорачува оваа превентивна мерка да се направи непосредно по никнувањето на првите трајни молари.
Постапката за залевање на фисурата за забот трае околу 15 минути. Најпрво од забот се отстрануваат меките наслаги со посебна паста, а потоа се врши нагризување на гризната (џвакалната) површина на забот со киселина со што се овозможува залевачот да се врзе за забот.
После тоа, на така припремен заб се нанесува залевачот кој се врзува со забот со употреба на посебна лампа.
Залевачот, по поставувањето на забот, во мали количини испушта флуор кој спречува настанување на кариес. Оваа превентивна постапка претставува многу ефикасен и едноставен начин за превенција од кариес.
Чувањето на трајните молари од кариес има големо значење и за раното губење на овие заби кое што може да доведе до настанување на ортодонтска аномалија. Може да се каже дека еднаш залеаните фисури на забите не се отпорни на кариес до крајот на животот. Со текот на времето залевачот се вади од површината на забот и поради тоа потребно е од време на време да се замени со нов залевач. Исто така, залеаните заби не се 100% отпорни на кариес. И покрај тоа што се залеани треба да се мијат секојдневно по 2-3 пати.
-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-