За што се употребува екстрактот од див костен?

Екстрактот од дивиот костен се користи како терапија за проширени вени, хемороиди, дијареа, треска и зголемена простата. Се користи и кај реуматични заболувања. Препарати на база на стандардизиран екстракт од семе од див костен се користат и орално во терапијата на хронична венска инсуфициенција. Ваквиот екстракт влијае на намалување на симптомите кои се јавуваат при заболувања на вените, како што се: проширени вени, болка, замор, отоци на нозете, едем итн.

 

Како делува дивиот костен?

Компонентата есцин на дивиот костен се смета дека е одговорна за дејството за стабилизација на ѕидовите на венските крвни садови, а со самото тоа и намалување на отокот и болката. Дивиот костен ги смирува и воспалителните процеси, ја зголемува цврстината на крвните садови, го зајакнува отпорот на венските капилари и ја намалува пропустливоста за течност. На тој начин се намалува оптеретувањето на венските крвни садови и отокот.

Како се употребува дивиот костен?

Најчесто се употребува во вид на гел или крем (локално делување), а поголем ефект се постигнува кога се пие екстрактот од дивиот костен (системско делување).

Во кои случаи не смее да се употребува див костен?

Екстрактот од див костен не треба да го употребуваат лица кои имаат инфективни и инфламаторни заболувања на гастроинтестиналниот тракт.

Несакани дејства од употребата на див костен

Во некои случаи може да се јави вртоглавица, мачнина и главоболка. Екстрактот од дивиот костен може да ја иритира желудочната и цревната слузница. Понекогаш ваквиот екстракт може да предизвика и алергија.

 

авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување
Др. Кристина И. Стојаноска Алоска е родена во Охрид, 1984 година. Средно образование завршува во родниот крај, во гимназијата „Св. Климент Охридски“, природно- математичка насока, во 2003година. Дипломира на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во 2008 година. Со работна лиценца за доктор по стоматологија се стекнува по положување на државниот испит во 2009 година. Во соработка со ОО Црвен крст - Охрид издава две брошури поврзани со оралното здравје. По повод Неделата на забоздравствена заштита, во 2014 ја издава Брошурата „ГРИЖА ЗА ЗАБИТЕ“ наменета за најмладите во која се опишани правилата за здрави заби што треба секое дете да ги знае. Следната, 2015 година, за истата цел ја издава брошурата „НАСМЕВКА БЕЗ КАРИЕС“, на малку повисоко ниво, наменета за сите родители и деца, во која се опишани сите нешта поврзани со кариесот и тоа како да се спречи. Во 2017 година издавачката куќа ЕДУКА МАК ја издава нејзината книга со 10 раскази на тема орално здравје, напишани како поезија во проза, со наслов „НАСМЕВКА ЗА ПЕТКА“. Работна пракса како доктор на стоматологија извршува во Стоматолошката ординација "ЕТАДЕНТ" во Охрид, чиј сопственик е од 2019 година. Доктори.мк е портал кој на популацијата и овозможува да согледа многу проблематики од областа на здравството и да научи многу совети и факти за животот , исхраната и здравјето. Мапата претставува одличен и најбрз начин преку кој може да се лоцира доктор или некоја медицинска установа. Особена чест и огромно задоволство ми претставува што сум дел од тимот на Доктори.мк и искрено се надевам дека преку моите статии читателите на Доктори.мк ќе научат многу проблеми од областа на стоматологијата. Доктори.мк според мене е par excellence портал од областа на здравството во Македонија. Големо БРАВО за основачите!!!