Ефектите на ХБО терапијата во третман на мултипла склероза

0

Мултиплата склероза спаѓа во групата на демиелинизирачки заболувања на централниот нервен систем. Болеста најчесто се јавува на возраст од дваесет до четириесет години, период кој вообичаено се карактеризира со најголема продуктивност во сите сфери на човековото функционирање. Иако секој дел од оваа болест, почнувајќи од причините за нејзиното настанување, манифестацијата, па се до терапијата, заслужува детално да биде обработен, во овој текст фокусот е ставен на хипербаричната кислородна оксигенација како тераписка опција која ја спречува прогресијата на болеста.

ARMS (Action for Research into Multiplex sclerosis) јасно го истакнуваат позитивниот терапевтски ефект на хипербаричната кислородна терапија, потврдувајќи дека кај 70% од пациентите кај кои била применета терапијата, дошло до стабилизација на болеста, односно била спречена нејзината прогресија и било постигнато значајно подобрување на говорот, одењето и контрола на мокрењето.

 

Терапијата се заснова на примена на 100% медицински кислород во услови на зголемен притисок. Истата се спроведува во специјално дизајнирани медицински уреди – барокомори. Хипербаричната кислородна терапија се применува кај повеќе медицински состојби и заболувања, како што се декомпресивна болест кај нуркачите, труење со јаглероден моноксид, рани и др. Во поново време, оваа терапија се популаризира како метода со која се спречува стареењето и се одржува психофизичкото здравје.

Кога станува збор за примена на хипербаричната оксигенација кај невролошките заболувања, најголемиот број на податоци може да се добијат од истражувањата и практичните искуства на д-р Ричард Ноубауер. Подготвен да се соочи со сите предизивици и да им се спротистави на скептиците, тој уште во 1972 година го основал првиот специјализиран хипербаричен центар за третман на невролошки заболувања, како што се трауматски повреди на мозокот, церебрална парализа, аноксична енецефалопатија и мултипла склероза. Во текот на своето работење д-р Ноубауер и неговите соработници ја направиле и најголемата студија со која биле опфатени 1500 пациенти со мултипла склероза. Од добиените резултати, истражувачите заклучуваат за позитивниот ефект на терапијата кога таа се применува во раната фаза на болеста, како и кај пациенти со изразена дисфункција на малиот мозок и мочниот меур. На просторите на Балканот, позитивни искуства со оваа терапија има д-р Живковиќ, кој што дава компаративен приказ на резултатите добиени од пациенти кај кои лекувањето било спроведено со кортикостероидна терапија, наспроти групата каде дополнително во лекувањето била воведена хипербарична терапија. Статистичките податоци укажуваат на значајно подобрување, кај сите пациенти кои биле лекувани дополнително со хипербарична оксигенација.

Пред започнување на терапијата потребно е да се направи детален невролошки преглед,односно да се процени состојбата на пациентот со примена на стандардизирани скали. Ваквиот пристап е значен бидејќи овозможува објективна евалуација на пациентите пред и по спроведување на хипербаричните кислородни третмани. За постигнување на успех мора да се внимава на избор на соодветен тераписки протокол. Практичните искуства зборуваат за следниве позитивни тераписки ефекти: успорена прогресија на болеста, ремисии кои се подолги и поцелосни, подобрување на говорот, рамнотежата и помнењето.

Д-р Марија Јакимовска е родена 21.03.1986 год. во Скопје. Средно образование завршува во ДСМУ „Д-р Панче Караѓозов“, отсек: Здравствена медицинска сестра. Медицинскиот факултет го завршува во 2011 година. Дополнителни активности: Средно образование: Дел на тим во средношколски проект по наставен предмет психологија, Проект: Влијание на совремниот начин на живот врз психофизичкиот развој на младиот човек; Проект: Болести на зависнот (дрога, алкохолизам); Семинар: Peace Unlimited, делегат-Скопје; PHV семинар, Promotion Human Values, Р.Македонија. Факултетско образование: Институт за трансфузиона медицина на Република Македонија, Оддел за колекционирање на крв, Амбуланта за трансфузиона медицина; Клиника за ургентна медицина и токсикологија; Трговија со луѓе и нелегална миграција - Интернационална организација за миграција, делегат-Скопје, Македонија. Вработена во Специјализиран ХБО2Т-Центар. Обука за управување и одржување на хипербарична комора – Флуид Проект; Семинар од областа на подводна медицина, организиран од нуркачкиот центар, лиценциран SSI - Амфора; Учество на четвртата интернационална школа од областа на хипербарична и подводна медицина организирана од Српската здравствена организација; Едукативни предавања: Хипербарична кислородна терапија во третман на шеќерната болест, одржано во Здружението на дијабетичари на град Скопје. Посебен интерес: Примена на хипербаричната медицина во третман на кардиоваскуларни заболувања; Улогата на хипербаричната медицина во третман на аутизам; Развој на хипербаричната медицина во Р. Македонија. -Одличен тим на млади и амбициозни луѓе чија визија е соодветно информирање од областите на здравиот начин на живот. Статиите кои обработуваат голем број на заболувања, како и дијагностички постапки, се можеби најдобриот начин за подигање на општата здравствена свест. Содржините кои се креативни, разбирливи, интересни ја гарантираат популарноста и развојот на оваа интернет страница. Чест е да се биде дел од овој тим.