Деца на родители – алкохоличари

0

Голем број студии покажуваат дека онаму каде што има родители зависници од алкохол, има и барем едно дете кое живее со нив и е сведок на менталното и физичко пропаѓање на сопствените родители. Голем процент од овие деца, во понатамошниот живот, имаат склоност и самите да бидат зависници, независно дали од дрога или од алкохол. American Psychiatric Association’s Diagnostic and Statistical Manual of Mental Disorders (DSM-IV) има направено истражување со кое се утврдува дека родителите зависници од алкохол се и корисници на канабис сатива (25,8 %), злоупотребуваат лекови кои не се индицирани (16,3 %), користат кокаин (9,5%), халуциногени дроги (3,1 %) и хероин (0,4 %), додека (57,9%) се пушачи.

 

Кај овие деца околината во која се одвива нивниот психофизички развој не е благопријатна и тие често имаат проблеми со развивање на добри комуникациски вештини, мотивација да постигнат успеси, верба во сопствените квалитети, желба да си помогнат себе си за сопствен интелектуален развој. Раздорот во семејството, секојдневните конфликтни ситуации предизвикани од срамното, агресивно однесување на родителите алкохоличари, доведуваат до честа појава на анксиозност, депресија, лаги, кражби, тепачки со други деца, односно имаат комплетно проблематично однесување во школото и надвор од него. Тие имаат негативна проекција за самите себе и не се заинтересирани за случувањата во нивната околина. Подоцна, дел од нив се со идентично однесување како и нивните родители, па така кругот се затвора и тие ги усвојуваат нивните негативни особини. Со тоа, кај нив се јавуваат потешкотии во создавањето здрави пријателски и емоционални односи со блиските. Неретко тие се жртви на семејно насилство, а подоцна и самите стануваат насилници.

Акцентот би го ставиле на децата кои имаат волја да се соочат со нивниот најголем проблем и храброст да се изградат во личност, сосема спротивна од онаа која секојдневно им се сервира во сопствениот дом. Добар дел од децата кои растат во вакви семејства, каде едниот или обата родители се алкохоличари, се развиваат во интелектуално и емоционално здрави личности и однесувањето на нивните родители служи за пример како не треба да го живеат животот. И покрај тоа што се исклучително ранливи кога се спомне проблемот, тие завршуваат високо образование, работат, секојдневно се борат за на најблиските да им наметнат решение. Најчесто не сакаат да зборуваат за проблемот во семејството и да го споделат, се срамат од нивните родители, но сепак не ги напуштаат. Од друга страна, дел од нив сакаат да зборуваат за проблемот и да послужат како пример колку значи поддршката на најблиските за тие да престанат со консумирањето на алкохол и нивната апстиненција да е долготрајна. Со еден збор – вежба на контрола врз сопствениот живот.

Сведоштво:

Мајка ми почна со пиење пред неколку години. Таа во голема мера се бореше со разни прашања во текот на нејзиниот живот и утврди дека се неопходни методи за да се справи. Така, за жал, се сврте кон други форми на „помош”. Се започна со вино на трпеза, првите неколку пати неделно, малку повеќе на маса Шабат, а потоа секоја вечер. Јас не се сеќавам кога и зошто, но брзо таа навика стана почеста, со консумирање на потешки супстанци, поголеми количини, со што мајка ми веќе не беше присутна во мојот живот.

Не може да се објасни болката и очајот, знаејќи дека мајка ми не е во состојба да се справи со сопствените предизвици и мора да почива на заборавот од едно шише. Тешко е да се чувствуваш сакан во тие моменти. „Те сакам” претставува казна, кога го слушаш од некој кој е луциден, а ќе биде луциден уште еден час или два. Јас чувствувам дека прогласувањето љубов кон друг бара ниво на несебичност. Како што реков претходно, јас не мислам да ја осудам или критикувам и знам дека секој кој се бори со алкохолизмот може да има илјада совршено добри причини за тоа зошто тие прибегнале кон овој посебен метод на справување. Но, не можам доволно да повторам, колку е важно за секој, особено родител, да научи да се справи со своите емоции во соодветна форма и да престане со оштетување на своето семејство и себе си, со оваа луда навика.

Тоа боли. Боли да се види мајката во таква состојба, да се слушне некое повраќање во бањата, да се слушне нејасен говор и плач, да се најдат отворени шишиња – празни шишиња. Тешко е да се одговори на нејзиниот интерес во мојот живот во моменти на трезвеност. Јас се сомневам во нејзината љубов и не можам да верувам. Јас сум близу зрелоста и така имам свои методи за справување со ова прашање во мојот дом. Жалам што сум принуден да ставам гард и дека чувствувам потреба да се заштитам себе си од мојот дом. Се плашам да мислам на она што би се случило ако јас бев десет години помлад, кога овој проблем експлодира. Јас сум скоро сигурен дека јас, или некој од моите браќа и сестри, би ја презеле оваа лоша навика да бевме помали. Јас треперам кога се потсетувам на семејството такво какво што беше и колку брутална штета ми беше нанесена со навредливото агресивно оснесување. Конфузијата и болката беше неподнослива.

За да се борите со алкохолизмот неопходно е да побарате помош. Тоа е можеби најголемиот предизвик, соочувањето со проблемот.

Д-р Моника Самарџиоска е родена на 12.09.1984 год. во Прилеп, Република Македонија, каде го завршува своето основно и средно образование. Во 2009 год. дипломира на Медицинскиот Факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје. За време на студиите волонтира во студентскиот сојуз и во невладини организации во повеќе наврати, како: волонтер во IFMSA (програма за студентска размена) - 2007 г.; волонтер на Одделот за општа хирургија, Медицински универзитет, Вроцлав – Полска, како дел од програмата за студентска размена - август, 2008 г.; волонтер на 58-мо Генерално собрание на IFMSA - август, 2009г); волонтер во „Националната фондација за трансплантација“. Одлично го познава англискиот јазик, а го изучува и германскиот. Љубител е на планинарење и промовира здрав начин на живот. -Многу ми се допаѓа сајтот затоа што е забавен, поучен и информативен. Доброто здравје треба да се одржува и почитува затоа што здравјето не го цениме доволно се додека не го изгубиме.