Афлатоксин е производ на габата Aspergillus flavus. Овој тип на габа често се развива во подрумите каде што има влажни и топли услови, погодни за нејзино размножување. Овој тип на мувла често може да се најде во напуштени подруми, ѓубре, отпадоци, но може да се појави и во вашите зимници, овошја, зеленчуци и на многу други места.
Како се пренесува?
Афлатоксинот во организамот се пренесува по воздушен пат, и преку дигестивниот тракт. Може да се вдиши од контаминиран воздух, или да се внесе со храна на која се наоѓа овој тип на габа. Со внесувањето преку дигестивниот тракт, афлатоксинот може многу брзо да се пренесе во сите органи во организамот, така што откако ќе стигне во цревата ќе се ресербира директно во крвта и за кратко време може да се најде во многу органи.
Како реагира?
Афла токсинот откако ќе стигне во крвта најпрво реагира во црниот дроб, создавајќи некои свои деривати кои се многу склони кон некои нуклеински бази. Затоа можеме да кажеме дека црниот дроб е првиот орган кој е зафатен и резултира по навлегувањето на афла токсинот во крвта. Бидејќи рековме дека афла токсинот ги напаѓа никлеинските бази, тоа значи дека ја оштетува и структурата на ДНК, и сите нејзини механизми за поправка, што може да направи непоправлива штета за клетките, во зависност од количината на токсинот кој е влезен во телото.
Промената на генската структура од зафатените клетки понатаму се дели и лесно може да малигнизира, што го става афлатоксинот во групата на канцерогени материи, т.е канцерогени токсини. Дека, афла токсинот е опасен канцероген токсин, говори и фактот што тој го напаѓа и имунолошкиот систем. Според истражувања досега направени, некои протеини кои учествуваат во градбата на имунолошкиот систем се менуваат под дејство на афла токсинот. Освен на овие компоненти афла токсинот е штетен и за други органи во организамот, како што се бубрезите и другите органи кои се доста прокрвавени.
Афлатоксинот и млекото
Неодамна во јавноста се проби информација дека е пронајден афлатоксин во недозволива количина во млекото. Со ова јавноста се стави во паника, а под сомнеж влегоа и сите производи за кои млекото е основна суровина. Ние слободно можеме да се прашаме: Ако во млекото е најдена голема количина на афлатоксин, дали тој може да го има и во другите млечни производи? Одговорот е ДА, може и тоа 5 до 6 пати во поголема концентрација од онаа што е пронајдена во млекото од кое млечниот продукт бил приготвен.
Како афлатоксинот воопшто дошол во млекото?
Примарен извор се кравите, односно храната со која се хранат кравите или овците од каде се добива млекото. Житариците и другата храна која во текот на зимата најчесто е чувана во непогодни услови (фаќана од дожд и други неприлики), создала услови за развој на оваа габа и производство на токсинот, кој добитокот го конзумира, тој се лачи во млекото и се дистрибуира до нас, потрошувачите.
Решение?
Строга контрола. Не само на млекото кое се увезува и извезува, туку на житото со кое се храни добитокот. Ако се има правилна стратегија житото навреме се испита, афла токсинот биде потврден, штетата со млекото нема да биде направена, а здравјето на луѓето нема да биде доведено во опасност.
-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-