Секој од нас, без разлика дали е медицинско лице или не, во секојдневието може да биде затекнат од несакана ситуација во која може да е загрозен и животот на наш пријател или случаен минувач. Навременото, би рекол, реагирање, е многу важно. Токму од таа причина, следат неколку медицински совети за укажување на итна помош при настанување на фрактура.
Фрактура претставува скршена коска и побарува итно медицинско лекување. Ако скршеницата е резултат на потешка траума или повреда, веднаш повикајте брза помош. Исто така, повикајте ја брзата помош ако:
- Личноста не дава одговор на дразба, не дише или не се движи. Почнете со реанимација ако нема пулс или дишење.
- Ако има тешко крварење.
- Ако дури и мал притисок или движење предизвикува јака болка.
- Ако зглобот изгледа деформирано.
- Ако коската ја има пробиено кожата.
- Ако повредената рака или нога е неосетлива на дразба.
- Ако се сомневате за повреда на вратот, главата, ‘рбетниот столб или карлицата.
Не ја поместувајте повредената личност, освен ако со тоа се избегнува понатамошна повреда. Применете ги следниве постапки додека ја чекате брзата помош.
- Запрете го крварењето – ако го има. Аплицирајте притисок на раната со стерилен завој или со чисто парче облека.
- Имобилизирајте ја повредената регија. Не се обидувајте да ја наместите коската, или пак да ја вратите на место ако ја има пробиено кожата.
- Аплицирајте мраз за да се лимитира отокот и да се намали болката. Не аплицирајте мраз директно на кожата, замотајте го мразот во пешкир или во некое парче облека.
- Третман за шок. Ако личноста чувствува дека ќе ја изгуби свеста, или дише брзо и плитко, поставете ја во легната положба со главата на пониско ниво од трупот и ако можете елевирајте ги нозете.
-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-