Рамни стапала во детската возраст

0

Рамното (спуштено) стапало е најчест деформитет во пределот на стапалото. Тоа, исто така, е и една од најчестите причини заради кои децата посетуваат ортопед. Рамното стапало го означува секое спуштање на надолжниот лак на стапалото. Според некои истражувања, кај 90 отсто од детската популација до двегодишна возраст постои некој облик на рамно стапало. Во најголемиот број од случаите, тоа е физиолошка, “нормална” појава кај децата.

 

Во текот на растењето, обликот на детското стапало постојано се менува со значителни индивидуални разлики меѓу поединците. Кај децата надолжниот внатрешен лак на стапалото се развива после тригодишна возраст, заради неколку фактори: постоење на масно перниче од внатрешната страна на стапалото кое исчезнува со текот на времето, лабавост на лигаментите, како и заради релативната слабост на мускулатурата кај децата во раст.

Проблемот на рамното стапало може да биде потенциран од зголемената телесна тежина, нарушување на статиката на нозете (деформитети на колената во форма на Х), како и заради генерализираната лигаментарна лабавост, а може да биде дел и на конституционалните одлики на индивидуата.

 

Дијагностицирање

Кај повеќето пациенти надолжниот лак на стапалото се јавува на возраст од три до пет години, а проценето е дека на 10-годишна возраст само кај четири отсто од детската популацијата постои “проблемот” на рамното стапало. Во секој случај, при било каков сомнеж за деформитет на стапалото, најдобро е да се направи ортопедски преглед.

Ортопедскиот преглед се состои од набљудување на детето во стоење, седење, при одење, како и при изведување на определени тестови. Потоа се проценува подвижноста на зглобовите на стапалото, се прави отисок од стапалото (плантограм), а по потреба и дополнителни испитувања. Сето тоа е потребно за ортопедот да ги издвои рамните стапала, кои се асимптоматски и претставуваат физиолошка варијанта на нормалните стапала, од оние деформитети со рамни стапала кои се ригидни, со изразена симптоматологија и кај кои е потребно понатамошно испитување и соодветен третман.

 

Третман

Во најголемиот број на случаи, рамните стапала во детската возраст се безболни и повеќе козметички, отколку функционални деформитети, и притоа не е потребен активен третман.

Грижата на родителите не е причина по секоја цена да се ординираат ортопедски помагала од типот на ортопедски влошки или корективни чевли. Кај децата во тој период се советува одење боси по нерамен терен, како и одредени вежби на одење на прст, на пети, фаќање на предмети со стапалата, пред се заради активирање и јакнење на мускулатурата на стапалото, која индиректно влијае на постуралната состојба на стапалото.

Научно е потврдено дека превентивното ординирање на ортопедски влошки и чевли не влијае во понатамошниот развој на стапалата, така што грижата на родителите дека нетретирањето на асимптоматските физиолошки рамни стапала кај децата ќе доведе до подоцнежни компликации или деформитети е неоснована и не треба да влијае на одлуката на лекарот.

 

Третманот на рамните стапала во детската возраст е оправдан доколку детето се жали на болки во стапалата, потколеницата или ако кај пациентот постои изразено абење на чевлите. Но, дијагнозата на ваквите флексибилни рамни стапала оди по пат на исклучување на многу други посериозни состојби кои можат да ги дадат истите симптоми. Симптомите на замор и неудобност во пределот на стапалата и нозете се третираат со прилагодување на чевлите кои треба да бидат удобни, со висок и широк преден дел како и со добар надолжен лак, или пак со влошки кои според проценката на ортопедот можат да бидат парцијални или целосни, со внатрешно перниче, со дополнително перниче во предниот дел на стапалото, со внатрешен клин по должината на задното стапало и слично.

Кај потешките случаи на симптоматско физиолошко рамно стапало кои не реагираат на почетниот конзервативен метод се ординираат специјално изработени индивидуални влошки кои порамномерно ја распоредуваат тежината на телото врз стапалото. Но, овие помагала се значително поскапи, потребно е често да се менуваат со растот на стапалото и сеуште е дискутабилна нивната оправданост и ефикасност.

 

Кај потешките деформитети на рамни стапала потребно е да се направат и дополнителни испитувања во смисла на скратување на Ахиловата тетива, кои понатаму бараат соодветен третман. Единствена причина за оперативно лекување на физиолошките рамни стапала е значителна неподударност на скелетот на стапалото, која предизвикува силна болка и прекумерно абење на чевлите.

-aвторски текст , не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

д-р Огнен Шешоски е роден во 1980г во Охрид. образование Основно и средно образование завршува во Охрид. Во тек на средношколските денови (08-09.1996) како стипендист на фондацијата СОРОС учествува во 5 неделна летна школа во "Choate Rosemary Hall" Конетикат, САД. Медицински факултет завршува во 2005г во Скопје со просечен успех 9.34. специјализација 2006– 29.11.2010 - специјализација по ортопедска хирургија на Медицинскиот факултет во Скопје професионално искуство Од 21.12.2005 вработен во ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија "Св. Еразмо" во Охрид 2002 – 2004 - Како член на ССММ работи како локален офицер за размена на студенти во Охрид; 03.08 – 09.08.2004 - Член на организациониот одбор на Генералното собрание на IFMSA (Меѓународната федерација на асоцијации на студенти по медицина) во Охрид; 08. 2005 - Посетува едномесечен тренинг на одделот за трауматологија во Универзитетскатѕа болница "Hospital de Bellvitge" во Барселона, Шпанија; 10.2007 - Учествува на вториот Албански ортопедски конгрес со меѓународно учество; 17.10 - 21.10.2007 - Учествува на десеттиот Бугарски ортопедски конгрес со меѓународно учество како коавтор на две постер презентации: DHS (Dynamic Hip Screw) as a method of choice for treatment of pertrochanteric fractures, Ossification of THA as complication of hip arthroplasty – case report; 25.09 – 26.09.2008 - Учествува на првиот Српски ортопедски конгрес со меѓународно учество како коавтор на следните постер и орални презентации: Ossification of THA as complication of hip arthroplasty – case report, Haematothorax after gibbectomy – case report, The Herring classification applied in prognosis of Perthes disease, Managing Biomechanical System “Ilizarov aparatus –bonesegment ” in Solving Problems with bone joint reconstructive surgery; 30.09 – 04.10.2008 - Го посетува следниот курс на АО "Principles of fracture management for surgeons" во Љубљана, Словенија; 14.05 – 15.05.2009 Учествува на третиот Македонски Ортопедски конгрес со меѓународно учество како автор на постер презентација: Premature consolidation as a complication during the limb lengthening process using the Ilizarov techniques – case report; 18.05 – 21.05.2009 Стручен престој на Институтот за ортопедска хирургија - Бањица, Белград, Србија(оддел за педијатриска ортопедија); 29.08 – 25.09.2009 Како стипендист на AO посетува четиринеделен тренинг во "BG-Unfallklinik" Лудвигсхафен, Германија; 04.10 – 11.10.2009 Како стипендист на EFORT дел од "Traveling Fellowship" во Италија(Болоња, Верона); 07.05 – 08.05.2010 Дел од Симпозиумот “Revision aloarthroplasty of the hip joint”во Бања Лука, Босна и Херцеговина; 20.06 – 26.06.2010 Како стипендист на Open Medical Institute посетува еднонеделен курс за коскенозглобна хирургија во Салцбург, Австрија; -Ја поздравувам иницијативата, современиот дизајн и оригиналните идеи. Овој портал е своевиден веб центар на медицината и здравјето во Македонија кој ни беше потребен на сите, како на широката јавност, така и на лекарите.