Бидејќи Светската Здравствена Организација (СЗО), предупредува на ширење на вирусот “Зика”, ви откривам се што треба да знаете за овој озлогласен вирус…
Што претставува вирусот “Зика”?
Зика е тропски вирус, откриен во 1947 година во Уганда. Прв пат вирусот бил изолиран кај мајмун од шумите Зика, по што и овој вирус го добил своето име. До неодамна зика се јавувал ретко во тропска Африка и југоисточна Азија, но од неодамна Светската Здравствена Организација (СЗО), предупреди дека истиот се шири со голема брзина низ целиот свет.
Како се пренесува?
Вирусот на зика го пренесуваат комарците од родот aedes aegypti, кој живее на целата територија на Америка. Овој комарец не пренесува само зика, пренесува и други заболувања кои комарецот го користат како вектор за пренос кaкo што се тропската и жолтата треска. Според СЗО, најголем проблем зошто зика сега е актуелен е бидејќи комарците наоѓаат нови живеалишта на територии каде што луѓето немаат имунитет адапиран на овој тип на вирус, затоа и стравовите за негово брзо ширење се оправдани. Кога зборуваме за пренесување, освен комарецот некои експерти тврдат дека истиот може лесно да се пренесе од човек на човек како грип, но други го негираат тоа, затоа дали и механизмот на кој вирусот се пренесува од човек на човек во моментот не е целосно познат.
Кои се симптомите на вирусот “зика”?
Според истражувањата дури 80% од носителите на овој вирус не покажуваат никакви симптоми, а останатите покажуваат некарактеристична симптоматологија од која начесто се јавува осип, треска и болки во зглобовите, симптоми кои се карактеристични и за многу други заболувања. Најголем проблем вирусот на зика сепак прави на новороденчињата.
Како зика влијае на новороденчињата?
Според СЗО, иако не доволно е разјаснето како вирусот зика влијае на новороденчињата, познато е дека во земјите каде што истиот е присутен зголемен е бројот на новородени со микроцефалија односно мала глава. Д-р Margaret Chan oд светската здравствена организација предупредува дека вирусот на зика предизвикува и невролошки симптоми кај пациентите кои се заразени, што е дополнителна причина за загриженост. Децата со микроцефалија имаат проблем со недоволно развивање на мозокот и низа последици со кои подоцна во животот овие деца ќе се соочат. Во месец ноември министерството за здравство во Бразил пријавило 3 893 новороденчиња со микроцефалија што е за 30 пати повеќе од вообичаеното. Зато се апелира до сите бремени жени да не патуваат во ризичните области каде што може да се заразат од вирусот зика.
Кои се ризични области?
Иако вирусот на зика, е раширен низ многу земји во светот, за високо ризични според американските експерти се 22 земји и тоа: Боливија, Бразил, Колумбија, Еквадор, Ел Салвадор, Француска Гијана, Гватемала, Гвајана, Хондурас, Мексико, Панама, Парагвај, Сурина, Венецуела, Барбадос. Гваделупа, Хаити, Мартиника, Мартинија, Порторико, Цапе Верде и Самоа. Сепак ризикот за појава на зика постои и во скоро сите останати држави во светот.
Има ли лек и вакцина?
За жал не постои ниту лек, ниту вакцина. Фрмацевтските куќи известуваат дека во тек се истражувања да се провери дали може да се создаде вакцина против вирусот зика, и на кој начин би можело ефикасно да се лекува.
Како да се заштитите?
Главно од вирусот зика ќе се заштитите ако се заштитите од комарците кои го пренесуваат. Особено на бремените жени се апелира доколку се во земјите на висок ризик да користат препарати за заштита од комарци да ги заштитат просториите, и секако да носат подолга облека која што би го намалила ризикот од убод од овој ти на комарец.
Со комарец против комарец
Бразилските власти известуваат дека планираат да создадат генетски модифициран комарец кој ефикасно ги уништува дивите комарци носители на вирусот зика. Oxitec – компанија која што произведува генетски модифиирани комарци вели дека ќе произведат и пуштат 12 милиона единки од овој генетски модифициран комарец. Механизмот на уништување се состои со тоа што генетски модифицираните комарци се парат со дивите комарци кои го пренесуваат вирусот на зика, по што се раѓаат неплодни комарци и се спречува ширењето на овој тип комарци, а со тоа и на врусот зика.
-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-