За што ли зборуваат забите?
Формата, бројот, видот и здравјето на забите кај секој човек се израз на квалитетот на храната која што тој ја употребувал за време на растењето.
Бројот на заби
Возрасен човек нормално треба да има 32 заби. Но, овој број може и да не е присутен ако не се придржуваме кон принципите за баланс во исхраната. Ако во храната немало доволно житни растенија, последните катници, “умниците“, можат или да не излезат или да излезат причинувајќи многу болка и компликации.
Насоката на растење
Предните (фронталните) заби кои растат накај усните (нанадвор) се израз на големoто консумирање на овошје, зеленчук и сокови за време на растењето.
Ако забите растат во интраорална насока (навнатре), како причина за тоа се наведува преголемото консумирање на животински белковини и маснотии, печени продукти како и солена и премногу обработена храна. Ако забите растат право и пациентот е со правилен гриз, тоа резултира со оптимален и балансиран режим на хранење.
Хаотично растење
Кога растењето на забите е во различни насоки – некои кон напред, а некои навнатре, тоа е резултат дека режимот на хранење за време на растењето бил хаотичен, нерегуларен. Сето тоа води до физичка и психичка дисхармонија. Обично, луѓето со такви заби се нестабилни, со склоност да ги променат своите намери и позиции.
Разредени заби
Расипани заби
- Расипувањето на забите и воедно нивната загуба се предизвикани од дисбалансот во режимот на хранење. Најчестата причина за тоа е /употребата на рафиниран-бел шеќер и на употреба на прозводи од рафинирано-бело брашно.
- Затоа, миењето на забите само со четка и паста за заби не е доволно за да се спречи забниот кариес. Потребно е да се избегнуваат храна од бело брашно и рафинираниот шеќер.
- Често, но не секогаш расипувањето на забите е симетрично: лево-десно, горе-долу.
Интересни факти за забите
- За забите треба уште да се знае дека бројот од 32 заба е соодветен на 32 пршлени на ’рбетниот столб.
- Забите се поврзуваат и со сите главни органи и жлезди.
- Така на пример, големите катници се поврзани со долниот дел на дигестивниот систем, особено со долниот дел на цревата, дебелото црево, половите органи и жлезди. Малите катници, пак се поврзуваат со функционалноста на горниот дел на цревата и екскреторниот систем.
- Кучешките заби – со црниот дроб, жолчката, слезината, панкреас и желудник.
- Фронталните заби – со функционалноста на крвната циркулација и органите за дишење. Во случај кога забите се ронат , тоа покажува дека во храната преовладуваат суви продукти од брашно и многу сол, особено кога се јадат заедно со слатки и млечни јадења.
“ Човечки е да се греши, а божествено е да се простува“