Кои се адутите на секој од половите во вечната трка за интелектуална надмоќ?
Дали има разлики и кои се адутите на секој од половите во вечната трка за интелектуална надмоќ?
Различни видови интелегенција
Приказната за машка и женска интелегенција се појавила многу време пред самите тестови за интелегенција. На оваа тема секогаш постојат бројни предрасуди. Дури и Аристотел тврдел дека мажите се повеќе способни од жените и дека жените, според тоа, треба да останат во домаќинството. Чарлс Дарвин верувал дека жените се природно интелектуално инфериорни во споредна со мажите.
Овие размислувања постојат и денес, постојат и несогласувања помегу теориите на многу научници. Се до почетокот на тестирањата на менталната способност кај жените и кај мажите постоеле вакви дебати. Со тестовите биле воочени и првите разлики помеѓу мажите и жените. Научниците генерално не откриле разлики меѓу половите во општата интелегенција, разликите биле пронајдени во некои специфични способности.
Мажите, имаат подобро развиена просторна способност отколку жените. Тие се поспособни да ги визуелизираат различните нешта во просторот и да полесно и попрецизно ги преместат . Можно е поради тоа да важи стереотипот дека мажите се подобри возачи од жените.
Од друга страна, жените во просек имаат подобро развиена вербална способност отколку мажите. Тие имаат побогат речник и полесно воспоставуваат вербална комуникација,подобро вербално резонираат. Мажите дури и почесто страдаат од нарушување на говорната функција. Некои студии покажале дека жените имаат развиено подобра меморија од мажите, додека мажите се подобри во решавањето на математички задачи.
Денес, научниците генерално се согласуваат со овие резултати. Исто така,тие се согласуваат дека не постојат разлики според полот во однос на општата интелегенција. Мегутоа некои културолошки факти одат во корист на машкиот пол. Мажите во тек на историјата имале привилегија над жените во однос на образованието. Овој тренд сеуште постои во помалку развиените земји, каде што владее патријархатот.
Некои истражувања покажале дека, во просек, мажите имаат повисоко ниво на образование од жените. Организација основана од група интелегентни луге(1964) Менса,каде единствениот критериум за членство е надпросечен IQ има двојно повеќе машки отколку женски членови. Се чини дека без разлика што научниците се согласуваат дека двата пола се подеднакво интелегентни, мажите се уште имаат одредени предности во споредба на жените.
Големо прашање е дали тоа е поради поголемите способности кај мажите или (не) еднаквоста мегу двата пола….???
За подобро да се опишат аспектите во кој просечниот маж е подобар од просечна жена, и обратно, ќе ги разгледаме различните видови интелегенции.
Видови на интелегенција
Многу истражувачи сеуште не можат да се договорат за дефинирањето на интелегенцијата,ниту пак за тоа дали таа е уникатен феномен или има повеќе видови. Во тек на минатиот век, кога се започнало со истражување на интелегенцијата,се утврило дека таа е единствена. Првиот тест бил врз основа на теоријата која интелегенцијата ја дефинира како способност за адаптација. Сепак, наскоро се појавуваат бројни несогласувања околу првичната дефиницијаи бројни прашања.
Некои истражувачи твделе дека таа се состои од неколку независни фактори, како што е способност за меморија, расудување, вербална способност, нумеричка способност. Други тврделе дека постои еден општ фактор на интелегенција, кој се мери со брзина на реагирање на индивидуата во дадена ситуација. Идејата дека поинтелегентните луѓе побрзо реагираат од помалку интелегентните,потекнува од фактот дека тие побрзо ги решавале задачите кои им биле зададени,а прашањата биле дизајнирани така што секој би можел да ги реши кога би имало доволно време, што значи дека поинтелегентните лица ги решаваат побрзо.
Сепак, постојат и други концепции .Некои научници веруваат дека постојат различни фактори на интелегенција, но дека постои еден општ фактор, кој е супериорен. Денес, иако не е постигнат консензус, се прифака мислењето дека постојат неколку различни способности, покрај општата способност,односно дека постојат различни видови на интелегенција. Можеби комплексноста најдобро се објаснува со мултипната теорија на Хауард Гарднер(психолог).Според него-Интелегенција е способност за решавање на проблеми или дизајнирање на производи ,кои се важни во одредена културелна заедница или опкружување . Тој издвојува дури десет различни способности, а нивното постоење го поткрепува со бројни биолошки, развојни и експериментални докази.Па за него, постои
- јазична(лингвистичка) интелегенција, која се однесува на богатството на вокабуларот, ја користиме кога читаме или пишуваме книга,
- логично – математичка способност, која се користи во решавање на математички или логички проблеми,
- просторна способност која ја употребуваме кога возиме автомобил или ја подредуваме облеката во нашиот плакар,
- музичка интелегенција развиена кај музичари, но исто така и кај секој кој пее,има слух,
- телесно – кинетичка интелегенција, се согледува во способноста за спортски активности и играње,
- интерперсонална интелегенција е способност што ја користиме во заедница, со други луѓе. Таа ни помага да го разбереме светот околу нас, а последната –
- интраперсонална интелегенција, се користи да се разбереме самите себе.
Гарднер оваа серија ја дополнува со уште три, кои подоцна биле откриени, а тоа се:
- натуралистичка интелегенција, која за пример била особено развиена кај Чарлс Дарвин, кој бил многу вешт да ги забележи, разликува и класифицира различните природни карактеристики.
- духовна(спиритуална) способност , развиена кај духовни луѓе, свештеници и поединци кои се ангажираат во разбирање на духовноста.
- Последна е егзистенцијалната интелегенција. Таа е високо развиена кај филозофи кои се занимаваат со размислување за суштината на нашето постоење и живеење, но таа просечно е развиена кај секој од нас кој размислува на овие теми.
Оваа поделба на различни интелегенции не постои за да се направи неред. Корисно е секој човек да може да се опише со користење на една посебно развиена способност и просечно развиени останати способности.
На пример врвните музичари имаат надпросечна музичка интелигенција, што не значи дека тие имаат надпросечна способност и од преостанатите. Се предпоставува ,за една индивидуа која поседува надпросечна интелегенција од еден вид, дека има сосема просечни други капацитети, што значи –
Може да сме посебно талентирани само во една одредена област!!
-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-