Има добри вести за сите љубители на чоколадото, новите истражувања покажаа дека чоколадото може да се смета за ,,супер храна,, која се приклучува во редовите на боровинката и брокулата. Може да се борите дури и против расипувањето на забите, доколку јадете чоколадо.
- Чоколадото е произведено од какао, кое содржи моќен концентрат на полифеноли, флавоноиди и антибактериски својства.
- Но, овие бенефиции се однесуваат само на темното чоколадо, не на млечното чоколадо, и колку има повисоки количини какао, толку подобро.
Некои здравствени придобивки од чоколадото како супер храна се следните:
- Борба против расипувањето на забите
- Поради антибактериските својства на какаото, темното чоколадо може значително да ја намали инциденцата на денталниот плак и појавата на кариес.
- Подобро кардио-васкуларно здравје
- Какаото е богато со полифеноли, молекула која може да ја подобри здравствената состојба на кардиоваскуларниот систем, доведува до подобрување на крвниот притисок, инсулинската резистенција и нивото на липиди во крвта.
- Помал ризик од дијабетис
- Лицата кои конзумираат 40г темно чоколадо дневно, имаат намален ризик од појавата на дијабетис дури на половина.
- Пониски масти процентуално присутни во телото
- Антиоксидантите присутни во темното чоколадо го намалуваат воспалението и помагаат во ублажување на производството на хормони кои инаку би предизвикале зголемување на телесната тежина.
- Подобрување на менталната состојба
- Какаото може да промовира чувство на смиреност, јасност и блаженство со стимулирање на производството на фенилетиламин при лачењето на серотонин.
- Други придобивки на далеку познати се секако и зголемената ментална концентрација и подобреното управување со стресот.
Уживајте сега во овој неодолив десерт!
-авторски текст, не смее да се користи зa комерцијални цели и/или реемитување-