Зелениот чај се прави од лисјата на растението Camellia sinensis. Потекнува од Кина и е дел од азиската култура.
Секојдневното пиење зелен чај има изобилство на докажани позитивни ефекти врз нашето здравје.
Зелениот чај содржи многу активни супстанции кои имаат широка палета на позитивни ефекти врз нашиот организам. Содржи полифеноли и кофеин кои имаат улога во термогенезата на организмот, тие го забрзуваат нашиот метаболизам за 4%, а при тоа не не го преоптоваруваат срцето и не ја забрзуваат неговата работа. Имаат улога и во оксигенацијата на мастите, па затоа зелениот чај се користи кај оние кои сакаат да изгубат неколку килограми. Други супстанци кои ги има во зелениот чај а се корисни за нашиот организам се флавоноидите кои се антиоксиданси. Тие имаат улога во детоксикацијата и антиканцерогени ефекти.
Растението содржи и витамин Ц, многу минерали и каротеноиди кои се важни алки во синџирот на одржување на нашето здравје. Го подобрува работењето на кардиоваскуларниот систем, уринарниот систем и ја подобрува мозочната функција. Помага и при чуство на замор.
Не не изненадува што е дел од Кинеската традиција, тие знаат што е најдобро за нивното здравје. Затоа, не заборавајте ги здравите состојки на оваа скапоцена билка и редовно конзумирајте зелен чај.