Каде грешите во миењето на забите?

На вашите заби после секој оброк останува киселина, а четкањето на забите веднаш после оброкот ја ослабува забната глеѓ, затоа миењето на забите после секој оброк можеби делува како добра идеја, но навистина не е.

Што не треба да правите

Миењето на забите после секој оброк можеби делува како добра идеја, но навистина не е. Сметате дека правилно сте постапиле доколку ги измиете забите одма после јадење. И, звучи логично бидејќи ги остранувате остатоците од храна и ги средувате вашите заби. Но, замислете, тоа не е најдобро време за миење на забите.

 

Стоматолозите велат дека тоа не треба да го правите. Еве зошто…

На вашите заби после секој оброк останува киселина, а четкањето на забите веднаш после оброкот ја ослабува забната глеѓ. На тој начин киселината ја нагризува забната глеѓ и ја прави подложна за развој на кариес. Доколку сакате да ги измиете забите веднаш после јадење, најдобро е тоа да го направите само со вода. Едноставно, само исплакнете ја устата. Стоматолозите советуваат дека најдобро е забите да се мијат пред или 30 минути после јадење. Се смета дека после 30 минути од оброкот ph балансот во устата би се вратил во нормала.

Не заборавајте, за блескава насмевка треба да ги миете забите со четка, паста и конец секогаш наутро и навечер.

-авторски текст , не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

Др. Кристина И. Стојаноска Алоска е родена во Охрид, 1984 година. Средно образование завршува во родниот крај, во гимназијата „Св. Климент Охридски“, природно- математичка насока, во 2003година. Дипломира на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во 2008 година. Со работна лиценца за доктор по стоматологија се стекнува по положување на државниот испит во 2009 година. Во соработка со ОО Црвен крст - Охрид издава две брошури поврзани со оралното здравје. По повод Неделата на забоздравствена заштита, во 2014 ја издава Брошурата „ГРИЖА ЗА ЗАБИТЕ“ наменета за најмладите во која се опишани правилата за здрави заби што треба секое дете да ги знае. Следната, 2015 година, за истата цел ја издава брошурата „НАСМЕВКА БЕЗ КАРИЕС“, на малку повисоко ниво, наменета за сите родители и деца, во која се опишани сите нешта поврзани со кариесот и тоа како да се спречи. Во 2017 година издавачката куќа ЕДУКА МАК ја издава нејзината книга со 10 раскази на тема орално здравје, напишани како поезија во проза, со наслов „НАСМЕВКА ЗА ПЕТКА“. Работна пракса како доктор на стоматологија извршува во Стоматолошката ординација "ЕТАДЕНТ" во Охрид, чиј сопственик е од 2019 година. Доктори.мк е портал кој на популацијата и овозможува да согледа многу проблематики од областа на здравството и да научи многу совети и факти за животот , исхраната и здравјето. Мапата претставува одличен и најбрз начин преку кој може да се лоцира доктор или некоја медицинска установа. Особена чест и огромно задоволство ми претставува што сум дел од тимот на Доктори.мк и искрено се надевам дека преку моите статии читателите на Доктори.мк ќе научат многу проблеми од областа на стоматологијата. Доктори.мк според мене е par excellence портал од областа на здравството во Македонија. Големо БРАВО за основачите!!!